Во оваа блог објава, си поразговаравме со Карла Биков – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Карла, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Карла?

Јас сум Карла Биков (25), имам дипломирано на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Моето досегашно професионално искуство е во областа на образованието како наставник по пијано во средното музичко училиште ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ скоро три години.  Од неодамна живеам во Берлин и одлучив да се посветам овој период само на Aкадемијата.  Желбата за учење на нов skill и задавање на сосема различен интелектуaлен предизвик од сѐ што досега сум учела ме донесе до Бреинстер и комплетно ми го промени секојдневието. 

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Full-Stack програмирање како студент?

Ретко би можела да издвојам еден ден како регуларен од причина што постојано се соочуваме со нови предизвици кои бараат различен начин на размислување и вложување на енергија. Сепак, дел од навиките кои ги практикуваме секој ден се консултациите со колегите и менторите, решавањето барем еден мал предизвик било да е некаков дизајн или problem-solivng task, и најважно од сѐ, прегледувањето на лекциите и завршените предизвици за полесен и ефикасен пристап кон новата материја на секој нареден час.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Како омилен модул би го издвоилa PHP бидејки од досегашниот материјал мислам дека ни зададе најголем предизвик, а од front-end делот би го издвоила SASS поради покомплексната структура која подоцна и те како ни го олесни програмирањето за неколку степени.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Академијата бара сериозна посветеност и одговорност, било да е со намера за целосно променување на професија или желба за проширување на знаењето и стекнување на нова вештина.  Дефинитивно ја препорачувам на секој што би сакал да инвестира во своето образование и да изгради нова кариера или пак да се унапреди во својата, доколку веќе се занимава со истото. Посебно би ја препорачала Aкадемијата на помладите што сѐ уште учат средно или пак се студенти бидејки неформалното образование има пристап и концепт кој што дефинитивно би им делувал позитивно и охрабрувачки.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Овде би ја издвоила тимската работа, соработката со колегите, комуникацијата и поддршката од менторите и интензивниот начин на работа кој бара да бидеш постојано инволвиран во програмата.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Веројатно најбитната лекција и навика за стекнување ми беше дека е неопходно секојдневно активно вложување за да биде веднаш видлив резултатот, а со тоа и напредокот со секој нареден час.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

На позиција каде што успешно балансирам помеѓу две професии. 🙂 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!