Студентите зборуваат за искуството – Мартин Крстески

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Мартин Крстески – студент на нашата Академија за Data Science за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.
Здраво Мартин, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Мартин?
Јас сум Мартин Крстески, по професија сум електротехничар и моментално работам како Customer Care Representаtive во TaskForceBPO.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Data Science како студент?
Со оглед на тоа дека работам во попладневните часови, морам да станувам рано наутро и да ги прегледувам часовите и да ги изработувам проектите. Со нeтрпение чекам да направам трансформација на позиција како Data Scientist.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Омилен модул ми е Machine Learning. Причината е, иако се работи за Data, можат да се изградат многу интересни програми за многу сфери во програмирањето за автоматизација.
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
НЕ ЧЕКАЈ! Во 1 година тоа што ќе успееш да го научиш на некоја од академиите, нема да го научиш ниту за 6 години на факултет. Атмосферата е одлична, постои договор, добра комуникација и компромис помеѓу инструкторите и студентите. Најважното од сѐ што се состои тука е присутност на тимската работа.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Кога освоивме прво место на првиот Хакатон. Ситуацијата за мене не беше најприкладна во тие моменти од здравствени причини, но сепак УСПЕАВМЕ. Тоа беше најреќниот момент за мене на Академијата.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
If you torture the data long enough, it will give you the answer. Исто така, дека постои и тимска работа, не е само тоа македонското – пази, ќе те зафркнат!
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Јас не се гледам, ги гледам моите родители кои ми овозможија сѐ. Ги гледам како уживаат без главоболки и не се грижат за сметки, кредити и идни трошоци.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!