Студентите зборуваат за искуството – Ангела Караколева

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Ангела Караколева – студент на нашата Академија за дигитален маркетинг за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Ангела, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Ангела?
Здраво! Јас сум Ангела и завршив на Академијата за Дигитален Маркетинг во Brainster. Себеси би се претставила како упорна, искрена и посветена личност.
Како изгледаше еден твој регуларен ден на Академијата за дигитален маркетинг како студент?
Денот го започнував со мојот бележник и маркирање на активностите. Потоа, следеше online дружба со супер предавачите од Brainster, како и колегите од Академијата. Се запознавме, споделуваме искуства, ширевме хоризонти и секој час учевме нови нешта со кои полека, но сигурно влеговме во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Content marketing. Затоа што сум креативец по природа. Црпам инспирација од сѐ она што ме опкружува. Утехата секогаш сум ја наоѓала во творењето, пишувањето и читањето, па оттука и произлегува и љубовта на прв поглед во овој модул.
Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
One in a lifetime experience, продуктивно, енергично и динамично искуство кое вреди и секој оној што сака да се занимава со дигитален маркетинг да го има во своето CV. Затоа што, пред сѐ се работи за животно, а потоа за професионално искуство.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Има повеќе моменти, но можам да ја издвојам поделбата во групи каде што работевме на реален проект. Проектот го сработивме одлично, бевме презадоволни од тимската работа и исто така е супер искуство.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Дека дигиталниот маркетинг е брзодвижечка гранка во која никогаш неможе да е здодевно. Секој ден носи динамични и возбудливи нешта кои нѐ прават да посакаме да нуркаме во дигиталната сфера секојпат подлабоко.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
По природа сум перфекционист и секогаш сум била посветена во сѐ она што правам, па во иднина се гледам како истрајна и исполнета, опкружена со нови предизвици кои маркетингот сам по себе ми ги задава, а јас уживам во креирањето и творењето. Искажувајќи ја мојата креативност на најдобар можен начин со уникатен белег кој го оставам како печат на мојата креативност.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!