Запознајте ја Глорија Јанева – креативна и амбициозна личност која секогаш сака да научи нешто ново и со задоволство ги совладува предизвиците на коишто ќе наиде.
По завршувањето на Академијата за графички дизајн, започна да ја гради својата кариера како графички дизајнер токму на практикантска позиција во дизајн тимот на Brainster.
Си поразговаравме со Глорија за нејзината улога во нашиот дизајн тим
Како би можеле да те претставиме на читателите – Која е Глорија?
Здраво, јас сум Глорија и за себе можам да кажам дека сум голем ентузијаст кога станува збор за учењето и осознавањето нови работи. Никогаш не се плашам од предизвиците и проблемите на кои наидувам, напротив сум среќна што постојат бидејќи така учам повеќе и го збогатувам моето знаење. Ја сакам уметнoста, бидејќи имам слобода на изразување. Секогаш наоѓам начин својата замисла да ја претставам на креативен начин преку шкртаница, скица, цртеж, модел.
Ти си наш студент на Академијата за графички дизајн. Како ни дојде во Brainster?
Долго време размислував професионално да си го надградам моето знаење од областа на графичкиот дизајн. Следев различни вебинари, курсеви и предавања, па наидов и на предавањето од инструкторот Иван, кое дефинитивно беше одлучувачко да се запишам на Академијата за графички дизајн во Brainster.
Зошто баш графички дизајн?
Ја сакам уметноста и технологијата. Уште во раниот тинејџерски период цртав илустрации за моите блиски и пријатели. Поради тоа што добивав позитивен feedback почнав сериозно да размислувам за креативна професија. Најпрво се запишав на АФС, па кога добив малку повеќе сознание и за графичкиот дизајн решив да се пробам и во таа област, и се запишав на Brainster. После неколку недели од Академијата сфатив дека јас сум ова и сакам да продолжам да работам како графички дизајнер.
Својата кариера како графички дизајнер ја започна токму во Brainster на практикантска позиција. Раскажи ни го твоето кариерно патување.
После една година од Академијата, бев повикана од страна на Brainster, со понуда за пракса. Конечно се сретнав и со целосната вистина за работата како графички дизајнер. Нема подобра прилика од тоа на „свој” терен да ги зачекориш првите чекори од својата кариера.
Како изгледа еден работен ден на еден графички дизајнер? Кои се твоите главни задачи и обврски?
Стануваш сабајле и одлучуваш дека денес ќе бидеш креативен и продуктивен. Прва обврска во денот ни е краток состанок со целиот дизајн тим на Brainster. Распределуваме задачи, мислења, критики и сл. После тоа се „фаќаме” сите за работа. Главно, се средуваат креативи за социјалните медиуми и веб-страници покриени од Brainster.
Опиши ни ја атмосферата во дизајн тимот.
Со дизајн тимот се „гледаме” секојдневно, разговараме, споделуваме идеи, мислења. Сите се кул луѓе за време на работниот период и надвор од тоа. Имаме супер комуникација и секогаш се тука сите да ти помогнат доколку ти е потребно.
Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено досега? Која е тајната за надминување на предизвиците?
Предизвик можеби не, но ми се случувало да се соочам со „creative block”. Кога ќе почувствувам дека нема некаква идеја, обично станувам од биро, го одмарам мозокот со музика, филм, можеби прошетка и добро кафе.
Омилен модул и зошто?
Не можам да одделам конкретен модул. Но, можам да кажам дека едни од поинтересните модули ми беа со инструкторот Бане.
Најважна лекција што ја научи на Академијата за графички дизајн?
Графичкиот дизајн не е Illustrator и Photoshop. Графичкиот дизајн е широк поим и бара многу повеќе од тоа.
За крај – твој совет до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена во насока на графички дизајн?
Доколку имате некое внатрешно чувство, кое ве наведува да мислите на дизајн, не е случајно. Не го потиснувајте и ослободете го креативецот во вас. Не очекувајте другите да ви понудат сé на маса, сите се тука да ви помогнат, но не заборавајте дека треба да се вложите и самите.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!