Студентите зборуваат за искуството – Драгана Митева

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Драгана Митева – студент на нашата Академија за Software Testing за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Драгана, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Драгана?
Јас сум Драгана Митева, имам дипломирано на Економски факултет, департман Е-бизнис. Веќе 3 ипол години работам како економист во приватна компанија каде главно имам секојдневна комуникација со клиенти и менаџирање на профитот и трошоците. Страста за влез во ИТ светот, особено желбата за напредување и промена на професија се тие што ме водеа до одлуката да се запишам на Академијата. По природа сум многу љубопитна личност која секогаш сака да ја дознае големата слика, така што сфатив дека Software Testing е совршената професија за мене.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Software Testing како студент?
Мојот регуларен ден на Академијата започнува прво со поминување на материјалот од претходно, за да можам полесно да го поврзам со наредното што следи за учење. Часовите се онлајн и се снимаат, што е стварно од голема придобивка ако сакаш пак да погледнеш нешто што си испуштил. Заедно со мојот тим на Академијата комуницираме секој ден, си споделуваме идеи, мислења и често си помагаме кога има потреба. Сметам дека тимската работа е многу важна, не само во светот на Software Testing, туку и во другите области. Доколку имаш добар тим што цели кон напредување и квалитет, тогаш нема цели што не можат да бидат остварени. Секако, би сакала да кажам дека целокупната организација од страна на тимот на Brainster е беспрекорна.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Имам два омилени модули. Првиот е Автоматското Тестирање, кое ме остави воодушевена од можностите што ги нуди, посебно брзината на извршување на тестовите, за разлика од Мануелното. Вториот е последниот сега што го поминавме – Career Module, кој ми помогна многу да ги унапредам своите презентациски вештини и го олеснува процесот на интервју, за да можеме подобро и поспремно да се покажеме.
Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Јас би ги советувала сите што имаат пасија кон Software Testing и се пронаоѓаат во карактеристиките што се потребни да ги поседуваат за да бидат успешни софтвер тестери, да се охрабрат и да си ја остварат својата желба. Знаеме дека тоа е една од најпопуларните професии денес, каде цело време имаш услови за напредок и усовршување на своите вештини. Посветеноста и доброто менаџирање на времето се клучни за да успеете успешно да ја завршите Академијата. Јас имав и друга работа преку ден, се посветував истовремено и на моето 15 месечно бебе и еве ме сега покрај сé, со успех ја завршувам Академијата. Така да, нема изговори. Имајте само цел и насочете се кон неа.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Засекогаш ќе го паметам моментот кога првпат почнавме со Автоматско Тестирање, инструкторот Димитри ги пушти тестовите што ги имаше напишано во Selenium WebDriver. Кога видов дека компјутерот сам го пушта Browserot и сам си внесува податоци и штиклира checkboxes, бев толку воодушевена и знаев дека целиот модул ќе биде многу интересен.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Најважната лекција што ја научив на предавањата е дека доставувањето на квалитетен софтвер на купувачот зависи од целиот тим. Тимот е клучната алатка којашто треба да фукционира синхронизирано и сите треба да се насочени кон истата цел.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Во подолгорочна визија се гледам како успешен Product Owner.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!