Во оваа блог објава, си поразговаравме со Мартин Кајмакански – студент на нашата Академија за графички дизајн за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Мартин, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Мартин?

Здраво, jас сум Мартин, студент на Академијата за графички дизајн. За себе можам да кажам дека сум објективна и креативна личност и во сѐ нешто наоѓам инспирација. Занимација ми е фотографирање, а спортска активност ми се прошетките со домашните и маалските миленици 🐶🐱. Најчесто времето го минувам пред компјутер.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за графички дизајн како студент?

Како студент на Академијата и истовремено вработен, денот ми е исполнет со куп активности, често имам потреба денот да трае повеќе од 24 часа 🙂. Oсвен предавањата кои се интерактивни и на кои работиме заедно со инструкторите, повеќе време посветувам на домашните задачи и во совладување на алатките кои не толку ми се познати.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Конкретен омилен модул немам. Overall секој од нив ми е важен. Сметам дека секој модул носи одредени предизвици кои мене како студент ме обликуваат во графички дизајнер.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Do it! 🙂 Доста време поминав во размислување дали е можно истовремено да работам и да запишам Академија за графички дизајн, мислев дека нема да имам доволно време, но еве после неколку месеци се покажа спротивното. Освен што учиме и стекнуваме вештини, предавањата се динамични и забавни. Инструкторите се супер и посветуваат внимание за секој модул да биде успешно разбран и комуникацијата со нив останува и после час за сите потешкотии околу домашните, алатките и сл.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Има повеќе моменти, часовите со Иван, презентациите на Бане, домашните задачи кај Ана и Сергеј. Моментите додека цел тим се скоцкаме и најдеме време да работиме заедно и секако успехот после секој модул откако она што на почеток било предизвик сега е секојдневие.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Често сретнувајќи се со дизајни кои изгледаат едноставно си мислев дека лесно се креираат, но она што ми остави впечаток од предавањата е дека за да се креира еден simple дизајн, пред сѐ треба да се разбере целата композиција со сите можни елементи за да подоцна истата успешно се симплифицира.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Како успешен графички дизајнер.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!