Шест месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за дигитален маркетинг. Нивниот последен предизвик беше да ја комплетираат програмата на Brainster и да ги изработат своите завршни проекти.
Студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да го заокружат своето маркетинг патување. Задачата којашто требаше да ја изработат беше целосна Digital Marketing стратегија за Daisy Family Rescue.
Daisy Family Rescue е организација формирана во Скопје, чие патување започнува спонтано со спасување на едно кученце од улица. Со текот на годините, имаат спасено повеќе од 250 кучиња кои сега се среќно посвоени. Нивниот број 1 приоритет е намалување на бројот на улични кучиња на територијата на Северна Македонија на хуман и здрав начин, преку кој ќе им се обезбеди здрава и среќна иднина.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Софија Стојменова.
За задоволството од соработката, клиентот Daisy Family Rescue ни сподели:
Ги разгледавме сите презентации и стратегии уште еднаш, но и од самата презентација беше јасно дека студентите многу се потрудија и детално го изработија проектот. Фидбекот е истиот кој им го дадов на сите на завршната презенација. Како студентка чија презентација и стратегија најмногу ни се допадна и мораме да ја пофалиме е таа на Софија Стојменова.
Но, бидејќи дефинитивно е тешко да се одлучиме за една стратегија, студентите задачата си ја изработија одлично и стратегиите и идеите што ни ги предадоа повеќето беа детално разработени, па би сакале да користиме многу од нив. Студентите секако ќе бидат навремено контактирани доколку сакаат и имаат време да ни се придружат во спроведување на идеите. Ние се радуваме на понатамошна соработка и големи честитики до сите студенти, се надеваме дека се горди на себе.
Во продолжение си поразговаравме со Софија за нејзиниот реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг
Здраво Софија, ние на Академијата за дигитален маркетинг те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Имам 17 години и сум трета година во гимназија. Иако сум доста млада, дефинитивно сум многу среќна дека бев дел од целата Академија каде имав можност да ја научам секоја сфера што го опфаќа дигиталниот маркетинг.
Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и изработи многу интересни и креативни проекти. Најпрво, како си помина на Академијата?
Академијата за дигитален маркетинг можам да кажам дека беше едно одлично искуство коешто ми помогна да се надградам во моите дотогашни знаења, но и да изградам нови. Целокупната работа и сите предавања кои ги ислушав навистина беа позитивни и информативни, иако беа онлајн.
Со цел да ја комплетираш Академијата, имаше задача да изработиш завршен проект маркетинг стратегија за Daisy Family Rescue. Раскажи ни повеќе за овој проект.
Проектот за Daisy Family Rescue, според мене беше многу интересен, но истовремено и предизвикувачки. Daisy Family Rescue бараа целосна маркетинг стратегија, којашто ќе го зголеми нивниот brand awareness и ќе ја најде правата публика за посвојување на кучиња во Берлин. Ова беше доста ново за мене, но тоа само ме мотивираше за да го направам целиот проект и да внимавам на секој детаљ во него.
Која беше идејата зад тој проект и целта што требаше да се постигне?
Идејата зад мојот проект беше едноставна, да се најде одговор на проблемот со кој брендот се соочува. Генералниот проблем беше тоа што луѓето кога размислуваат да посвојат милениче не се сигурни за повеќе фактори (старост, здравје на кучето, да не е агресивно, итн.). Мојата стратегија почнав да ја развивам од оваа точка и поради тоа гледав целокупно маркетинг стратегијата да биде доста информативна, но истовремено на интересен начин, преку различни евенти и интерактивни постови да помогне во градење на доверба помеѓу брендот и клиентот.
Како изгледаше целиот процес и кои беа твоите задачи?
Накратко објаснето, на самиот почеток сé се сведуваше на читање, разбирање на публиката и проблемот и разгледување на конкуренцијата. Потоа, започнав да пишувам документ каде што во детали го објаснив решението на проблемот и како ќе се одвива целосната маркетинг стратегија од самиот почеток. Потоа, направив календар за постови за Instagram, Facebook, Twitter, YouTube, на којшто се гледаше процесот како клиентите ќе се однесат од почетокот, па сé до крајот на маркетинг инката. Како за крај, за да може убаво сé ова да се претстави на клиентот, направив презентација која ги опишуваше овие процеси со дадени примери.
Опиши ни го искуството како е да се работи на ваков вид на проект кој остава импакт на заедницата?
Уште од самиот почеток кога слушнав дека ќе работиме со Daisy Family Rescue, бев многу среќна и ми претставуваше огромно задоволство да работам на ваков проект, затоа што имав шанса индиректно, со помош на дигиталниот маркетинг позитивно да влијаам на општеството и на кучињата на коишто им треба топол дом.
И за крај, твојот совет за сите оние кои сакаат да работат како дигитални маркетери?
Кога станува збор за дигитален маркетинг, секој што сака треба да проба и да научи, нема да згреши.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!