Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Визуелни комуникации, каде студентите ќе ја научат основната важност на визуелната комуникација, програмите од светото дизајнерско тројство и како да внесат оригиналност во секое нивно дело.

Небојша Гелевски – Бане е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, кој го предава модулот Визуелни комуникации и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Визуелни комуникации:

 

Што се изучува на модулот Визуелни комуникации?

Во овој модул ќе дознаете зошто е важен графичкиот дизајн, зошто е важна визуелната комуникација, дали има супер моќи и кое се тие. Ќе се запознаете со основните елементи на графичкиот дизајн. Ќе разберете зошто треба да ги научите сите 3 програми од светото дизајнерско тројство – Adobe Illustrator, Photoshop и InDesign. Ќе се запознаете што е векторска графика, а што е растерска графика. Завршуваме со предавање што се занимава со оригиналност при графичкиот дизајн наспроти плагијаторство.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Визуелната комуникација е најефективниот начин за пренесување информации бидејќи човечкиот ум најбрзо ги обработува информациите во форма на слики. 

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Сите вештини и знаења од овој модул се корисни од секој аспект на нашето живеење, модулот се занимава со визуелна и графичка писменост, која се учи и надградува цел живот, за дизајнер(к)ите особено важи „цел живот“. 😀 

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Секој дизајнер треба да ја разбира важноста на визуелните комуникации. Човечкиот мозок визуелната информација ја обработува 90.000 пати побрзо од текстуалната, тоа е доволен мотив да ја разбереме важноста на визуелните комуникации. Важно е секој (иден) графички дизајнер, да го согледа овој комуникациски аспект и да го пренесува своето знаење и на клиентите.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

На овој модул се предвидени две вежби за студентите:

  1. Рачно скицирање на монограм;
  2. Рачно илустрирање поим.

По завршување на овој модул студентите ќе имаат поголеми знаење за моќта на визуелните комуникации, ќе разликуваат векторска од растерска графика, ќе се запознаат со главните Adobe алатки за графички дизајнери, и зошто мораме да ги совладаме во целост, и ќе добијат информации на темата „Оригиналност спроти плагијаторство“ во графичкиот дизајн.



Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!