Во оваа блог објава, си поразговаравме со Анета Димоска – студент на нашата Академија за Front-End програмирање за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Анета, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Анета?

Јас сум Анета Димоска, студент на Академијата за Front-End програмирање. Би се опишала себеси како одговорна, трпелива и трудољубива личност со огромна желба за знаење и напредок. Како некој којшто доаѓа од сосема различна сфера и без претходни познавања од областа на програмирањето, можам да кажам дека конечно се пронајдов во работа којашто ме исполнува и ме предизвикува да излезам надвор од комфорот. Надвор од секојдневните обврски, уживам во читање книги, пишување и поминување повеќе време во природа.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Front-End програмирање како студент?

Најчесто денот ми започнува со детално анализирање на кодот којшто сме го работеле на претходното предавање, прегледување на часот, запишување забелешки, комуникација со колегите за некои заеднички обврски, решавање на задачи кои ни биле зададени од менторите. Секако, во зависност од можностите сум настојувала да побарам дополнителна литература или туторијали за некој проблем.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Иако е тешко да се издвои само еден модул, сепак би кажала дека омилен ми беше делот со JavaScript. Ова го истакнувам затоа што тоа ми е првиот програмски јазик којшто сум го изучувала и затоа што е јазик којшто може да ја оживее апликацијата и да ја направи поинтерактивна. Во текот на овој модул научив многу концепти коишто ми го развија логичкиот начин на размислување, ме поттикнаа да истражувам уште повеќе и кои ми отворија нови погледи и идеи за решавање на некој проблем.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Мислам дека веќе сите сме свесни за тоа во кој правец се движи иднината, а со тоа и кариерните можности на секој од нас. Изучувањето на нови технологии дефинитивно е сигурна карта која ќе ни овозможи подобар личен и професионален развој, па така доколку некој се размислува дали да се запише на оваа Aкадемија или не, најтопло би го охрабрила да проба. Не е важно каде се наоѓаме или што правиме во животот, едноставно никогаш не е доцна да се изучува програмирање. Академијата, барем за мене беше инвестиција којашто си ја должев подолго време и сега можам да кажам дека воопшто не погрешив во мојот избор. Освен тоа, менторите, но и целиот тим на Brainster мене ми го направија целиот тој процес многу полесен и посовладлив.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Тешко прашање. Има многу моменти за паметење, но мислам дека би го издвоила оној дел од Академијата кога го изработував вториот реален проект. Проектот беше многу предизвикувачки и ако на почетокот се сомневав дали ќе успеам да го изработам, сепак бев многу среќна кога на крајот го завршив. Чувството дека прaвам некоја апликација “from the scratch” и дека тоа што го правам се развива и добива смисла е навистина нешто што многу ме исполнува и ми дава мотивација за следниот предизвик.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Најважната лекција што ја научив е дека не постои проблем без решение…со повеќе трпение и упорност сѐ се решава. 🙂 

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам како успешен Fron-end developer кој придонесува за подобра сегашност и иднина преку изработка на различни апликации кои ќе ни го олеснат живеењето.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!