Дали знаешe дека на глобалната мрежа постојат над 1.8 милијарди веб-страници или пак дека веб развојот е една од најрастечките технологии за 2023 година? Дали некогаш имаш размислувано зошто секој бизнис се фокусира на потребите на корисниците и зошто корисниците од секоја индустрија доаѓаат на интернет за интеракција?

Ако идејата за совладување на најбараните вештини како front-end програмер, креирање на беспрекорно, интерактивно искуство за корисниците и насочување на фокусот на корисниците на содржината ти звучи примамливо, тогаш си на правилното место.

Големите плати кои достигнуваат до 62% повеќе од просечните плати од другите индустрии, огромната побарувачка и безбедноста на работа се само дел од поволностите кои доаѓаат со оваа кариера. Со совладување на вистинските вештини за front-end програмирање ќе имаш пристап до бројни кариерни можности.

 

 

5 причини зошто да почнеш да учиш front-end програмирање:


1. Зголемена побарувачка на front-end програмери на глобално ниво

Front-end програмерите имаат една општа одговорност – да се осигураат дека посетителите на веб-страниците можат лесно да комуницираат со страницата. Тие го прават тоа преку комбинација на дизајн, технологија и кодирање на изгледот на веб-страницата, а воедно се грижат и за решавање на одредени багови коишто би можеле да се појават. Секогаш кога ќе посетиш одредена веб-страница, сè што ќе видиш и кликнеш е дело на front-end програмерите.

Знаејќи го фактот дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на искуството што го има со одредена веб-страница или апликација, front-end програмерите стануваат дел од секоја компанија, а нивната побарувачка продолжува да расте на глобално ниво. 


2. Креирање на високо квалитетни и респонзивни веб-страници и решенија

Front-end програмерите користат комбинација од јазици како HTML и CSS и алатки како React, за да создадат интерактивно и пријатно корисничко искуство. Тие се фокусираат на создавање на високо квалитетни и респонзивни веб-страници, користејќи методи и дизајни кои одговараат на пристапот насочен кон корисникот.

Управувајќи со низа на активности, вклучувајќи ги и боите и фонтовите, и дизајнерските аспекти како што се slider и drop-down менија, тие се одговорни за искуството на корисниците на веб-страниците коешто е клучно за перформансите на една компанија.


3. Креативна професија со многу кариерни можности

Ако и ти си еден од оние кои бараат возбудлива кариера, исполнета со многу кариерни можности со цел да ги истакнеш своите таленти, тогаш front-end програмирањето е една таква сфера каде што ќе добиеш неограничени можности за да ја покажеш твојата креативна страна и технички вештини.

Eве дел од задачите на front-end програмерите кои ги прават незаменлив ресурс во секоја компанија:

  • Приоритетизирање на корисничкото искуство;
  • Оживување на концептите со HTML, CSS и JavaScript;
  • Креирање и одржување на веб-страници и кориснички интерфејси на веб-апликации;
  • Создавање алатки кои ја подобруваат интеракцијата со страницата во кој било прелистувач;
  • Имплементација на дизајн за мобилни сајтови;
  • Тестирање на страницата за употребливост и поправка на какви било грешки.


4. Разбирање на процесот за развој на еден софтвер

Развојот на еден софтвер се однесува на повторувачки логички процес кој има за цел да создаде програмиран софтвер за исполнување на единствени деловни или лични цели или процеси. Сето ова претставува збир на повеќе активности и чекори како што се: истражување, дизајнирање проток на податоци и процеси, пишување техничка документација, сеопфатно тестирање, дебагирање и постојано тестирање. Ова е процес кој е клучен за секоја компанија, а е во рацете на front-end програмерите, со што уште еднаш се потврдува фактот дека тие се неопходни за секоја компанија во секоја индустрија.


5. Работа на проекти како freelancer

Откако ќе ги совладаш потребните вештини за front-end програмирање, следниот чекор е да тргнеш во потрага по твоето ново работно место, но имај ја предвид работата како freelance front-end програмер. Со развојот на технологијата и креирањето на различни алатки коишто им се достапни на front-end програмерите, тие можат да уживаат во работењето како freelancer-и. Freelancing-от е растечко поле коешто може да се покаже како подобра опција за тебе доколку не си во потрага по работа со полно работно време. Преку freelancing-от ќе можеш да уживаш во работата на различни проекти и секогаш да ги одбираш оние коишто ќе ти донесат најголема сатисфакција.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!



Како до 1.000.000€? 🤫