Студентите зборуваат за искуството – Елена Петроска

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Елена Петроска – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Елена, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Елена?

Јас сум Елена Петроска, имам магистрирано архитектура во Скопје, а моментално живеам и работам во Берлин како архитект. Себеси, покрај архитект и дизајнер, се гледам и како многу други работи, почнувајќи од голем љубител на животни.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Со оглед на тоа што часовите се попладне, тоа значи дека работниот ден ми завршил и потоа повторно ми почнал со Академијата. Имаме менторски сесии во или вон предавањата каде што менторот е секогаш спремен за поддршка, а потоа ние продолжуваме со работа. Неретко се случува да останеме со тимот (или сама во зависност од задачата) да работиме и после предавањата, што значи дека е доста интензивно. Работиме и во денови кога немаме предавања, а посебно за викендите и тоа е токму она кое многу ми се допаѓа бидејќи запознав прекрасни луѓе со кои учам заедно и секојдневно се надополнуваме и надградуваме заедно покрај самите предавања.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Како омилен модул можам да кажам дека ми е Storytelling with design и сето она кое беше поврзано со UX. Сметам дека менторите Барбара и Златан добро нѐ потковаа со почетно знаење и нѐ научија како да учиме во овие модули. User Еxperience е мошне комплексна гранка во оваа сфера, но подеднакво и интересна.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Иако Академијата нуди изучување и добро совладување на потребните програми за професијата, сметам дека е убаво секој заинтересиран да направи мало истражување што точно опфаќа UX/UI. Доколку сметате дека сте креативна личност со емотивна интелигенција и желба за разбирање на продуктот, како тој функционира и за подобрување на истиот можеби оваа професија е токму правиот избор за вас. Јас имав претходно истражувано и гледано курсеви, но дефинитивно ми требаше една добра и целосна структурирана школа за подобро да се запознаам како течат процесите при изработка на еден реален проект во реалниот свет. Затоа тука Бреинстер многу ми помогна.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Вториот хакатон! Тоа што ми беше презабавно и не ни осетив каде поминале 48 часа без сон е само дел од искуството, мојот dream team и менторот Златан се исто така „виновни“ што ќе го паметам најмногу како едно прекрасно искуство. Иако работевме многу напорно и за време на хакатонот и откако нашето решение отиде во понатамошна изработка, можам да кажам дека од овој проект научив премногу и многу сум благодарна за истото.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Ти не си корисникот! Уште ја учам и полека ја спроведувам.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Најважно ми е да работам на проекти кои се усогласени со моите вредности и кои имаат вистински импакт на она кое ми е од големо значење кон подобрување на општеството. Се надевам дека оваа желба ќе ми се исполни во блиска иднина.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You