Запознајте го Александар Мелов – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој од сферата на видео продукција направи целосна кариерна трансформација.
По завршувањето на Академијата за Front-End програмирање, Александар продолжи да ги реди своите кариени успеси, но овој пат како Front-End Developer во компанијата Bitsia.
Здраво Александар! Ти си наш алумни студент од Академијата за Front-End програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделил со останатите? Кој е Александар?
Здраво, јас сум Александар. Поранешен видео едитор, аниматор и што ли уште не во сферата на видео-продукцијата, кој по многу години успешно ја промени кариерата во Front-End Developer.
Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Front-End Developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?
Благодарам за честитките. Па, во претходната работа често се среќавав со работи од програмирање, како програмски јазици за пишување некакви експресии и со работи од веб дизајн. Бидејќи сум личност што не се плаши од учење на нови работи, решив дека тоа треба да е мојата следна цел во животот, а Академијата за Front-End програмирање ја одбрав затоа што ги сакам анимациите и ефектите. Како што кажав, доаѓам од таква област, па знаев дека полесна ќе ми е транзицијата.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Академијата беше супер, како менторите така и колегите, имаше доста дружење, предизвици, менторски, беше навистина супер. Додека траеше целата Академија бев во паника, бидејќи учев и работев паралелно, а дополнително и истражував, и учев работи за модулите што ги изучувавме на Академијата. Лошо е да си програмер, а да не си up-to-date!
По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во компанијата Bitsia. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
Најпрво ми се јавија на телефон и ми кажаа дека ме контактираат по препорака од Brainster. Благодарност до тимот за вработување. Ми закажаа интервју кое траеше час и половина на англиски. Ми се претставија тие како фирма, дека работат на различни проекти со различни големи компании, а во останатиот дел разговаравме за мене како личност и повеќе за JavaScript и React. Ми дадоа задача за којашто имав 48 часа да ја завршам и среќен сум што успеав да напишам чист и прегледен код и добар CSS.
Што значи Front-Еnd програмирањето за тебе?
Со оглед на тоа дека работам од дома, значи слобода пред сé, креативност и функционалност. Front-End го продава производот, ако една апликација изгледа лошо, не е функционална целосно, има тешко достапни елементи во неа, непрегледно, лошо поставени елементи во интерфејсот, брзи и остри анимации, лош избор на бои, фонтови и слични милион други работи, тоа е само уште една пропадната апликација.
Како Front-Еnd програмерот гледа на светот и на работите околу него?
Првенствено, осознаваш колку лоши и колку добри веб страници постојат на интернет. За лошите размислуваш како ти би ги подобрил, а за добрите се трудиш да го најдеш кодот и да сфатиш како го имаат сработено нештото или како им имаат пристапено на проблемите од каде и ти би научил. Во принцип пробуваш да се надградиш и во двата случаи.
На кое твое достигнување си најмногу горд во животот?
Моментално сум горд што успеав за толку кратко време да научам програмирање и да се вработам во одлична компанија. Од претходното работно искуство сум горд што стигнав до соработка со клиенти како Snoop Dogg и Nicki Minaj. Се надевам дека и во светот на програмирањето ќе имам слични, па и поголеми успеси.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
5 години се доста долг период, со оглед на тоа колку брзо се одвиваат работите во IT индустријата, па искрено не знам. За еден месец успеав да научам Back-End, DevOps и Testing и NoSql бази, па затоа 5 години навистина ми изгледаат долго.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?
Делот со успешни приказни од кои сега сум и јас влијаеше да се запишам на оваа Академија, бидејќи сфаќаш дека сите се обични луѓе што успеале за кратко време да ја променат кариерата и да станат нешто подобро во животот. Мој совет, среќата ги следи храбрите, но и одлучните. Ако сакате да успеете во светот на програмирањето, Front-End е појдовната точка.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!