Студентите зборуваат за искуството – Петар Урџанов

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Петар Урџанов – студент на нашата Академија за Data Science за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.
Здраво Петар, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Петар?
Јас сум Петар од Скопје, машински инженер со долгогодишно искуство во областа на енергетиката. Отсекогаш ме интересирале природни науки, броеви и приказната која стои позади нив. Долги години правам разни манипулации со бројки за да се добијат некои конкретни заклучоци. Академијата помогна сето тоа да се крене на едно повисоко ниво и сум презадоволен поради тоа.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Data Science како студент?
Па, повеќе го крадам времето преку ден за да се посветам на Академијата искрено. Останатите обврски си го земаат својот дел, па најчесто останува ноќта за да се подработи и да се научи нешто ново. Но, тоа беше јасно уште на стартот дека ќе биде така, не би било интересно да беше поинаку.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Сѐ е поврзано, не може едно без друго. За успех треба во сѐ да се ужива. Ама ако треба да издвојам едно нешто, би го издвоил PowerBI модулот, дефинитивно нуди најзадоволувачко чувство при работа.
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Едноставно да проба, потребни се можеби некои пререквизити, но мислам дека сѐ се надополнува со работа. Човек не знае на што сѐ е способен се додека не запне! 🙂
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Па можеби, првото место на Хакатонот по статистика, беше вистински предизвик да се работи во тим и да се постигне таков резултат со оглед на квалитетот на останатите решенија.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Тркалото е веќе измислено нема потреба да се измислува одново.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Data Science и сѐ околу неа.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!