Во оваа блог објава, си поразговаравме со Викторија Додевска – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Викторија, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Викторија?

Јас сум Викторија Додевска, (средношколец) имам 18 години. Имав желба да научам нешто надвор од границите кои ни ги нуди образованието, а најмногу ме заинтересираа професиите во дигиталниот свет. Со истражување на академиите и која каква програма нуди, се пронајдов во Академијата за UX/UI Дизајн.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Во однос на тоа дека сум во крајната фаза со Академијата, работиме на нашето портфолио. Доколку имаме проект за клиент, постојано комуницираме со тимот, работиме во Figma, се консултираме со менторите.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Сметам дека секој модул беше интересен со своја тематика бидејќи UX/UI дизајнот има и креативен дел, но и аналитички дел. Во секој модул уживав, а би ги издвоила модулите со Барбара, Златан и Горјан.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Првично истражи многу, бидејќи е нова сфера на пазарот и не е толку препознатлива. Доколку си креативен и воедно сакаш да анализираш луѓе и како тие се однесуваат сметам дека со оваа Академија ќе ги примениш твоите skills.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Хакатоните беа едно сосем друго искуство од регуларните проекти, воедно и Cross Academy хакатонот, би го препорачала на секој да го искуси. Часовите секогаш беа информативни, енергијата секогаш беше пријатна, без притисок.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Квалитетот на дизајнот не се базира врз естетскиот изглед, туку напротив колку нашите корисници интуитивно и едноставно ќе го користат.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Добро прашање. 🙂 Дефинитивно во сферата на UX дизајн, а конкретно рано е да знам. Академијата ми даде еден друг тип на знаење, искуство и насока за понатака.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!