Во оваа блог објава, си поразговаравме со Гоце Цветковски – студент на нашата Академија за Front-End програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Гоце, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, кој е Гоце?

Јас сум Гоце Цветковски, дипломиран правник со 15-годишно искуство како комерцијалист. Минатата година одлучив да се запишам на Академијата за Front-End програмирање на Бреинстер, да научам нови работи и да запливам во нова професионална сфера.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Front-End програмирање како студент?

Секој ден мора да се одвојат по неколку часа за да се завршат зададените задачи. Покрај предавањата, имаме и менторски сесии, неделни предизвици и работилници. Академијата е сеопфатна и бара многу сериозен пристап и напорна работа.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

JavaScript. Тоа е основата на целокупното front-end програмирање. Истовремено, тоа беше и мојот прв контакт со функционалноста во една апликација.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

На оваа Академија се бара интензивно и секојдневно учење, како и максимална посветеност. Но, учењето е лесно затоа што има одлични ментори.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Првиот хакатон на којшто учествував. За кратко време дојдовме до функционални решенија користејќи нова технологија.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Да се биде упорен. Секогаш да се побара уште едно решение. Не се плаши од сериозноста на проектот, потребно е само да го почнеш.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Себеси се гледам како дел од успешна ИТ компанија.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!