Запознајте го Андреј Стефаноски – амбициозна и креативна личност, а воедно и новото засилување во Маркетинг тимот на Brainster.

Тој е наш алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, кој започна да ја гради кариера на практикантска позиција како дигитален маркетер токму во Brainster.

 

Си поразговаравме со Андреј за неговото досегашно искуство и неговата улога во нашиот Маркетинг тим

 
Здраво Андреј! Раскажи ни нешто повеќе за тебе!

Здраво здраво! Јас сум Андреј Стефаноски, живеам во Прилеп и имам 27 години. По струка сум фармацевтски техничар, имам сопствен бизнис (продавница за домаќинство), но уште од мал бев заљубен во науките од IT индустријата каде има слобода креативно да се изразам. 

Кога некој ќе ме праша „Кое е тоето хоби?“, најпрво ми текнува на фотографијата, па потоа слушање музика и спортување. Обожавам патувања, авантурист сум, сакам предизвици и најмногу мразам кога некој доцни.   

 

Три зборови кои те опишуваат?

Креативност, толерантност, посветеност.

 

Ти си наш алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster? 

Одлуката ја донесов по дооолго размислување (приближно 2 години). Свесен за промените во светот, барав начин да се адаптирам. Ме примамија рекламните објави на Brainster и препораката од пријател (алумни на Brainster).

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Искрено, бев во дилема дали да изберам дигитален маркетинг или графички дизајн. Основни причини заради кои се одлучив за дигитален маркетинг се тоа што е креативна работа и работа од иднината најпрво и второ, бидејќи имам сопствен бизнис на кому му требаше дигитално присуство.    

 

Во кој дел од дигиталниот маркетинг најмногу се пронаоѓаш?

Социјални медиуми дефинитивно.

 

Опиши ни ја атмосферата во Маркетинг тимот. Што се очекува од тебе?

Најпрво сакам да кажам неколку зборови за маркетинг тимот. Стефан, Бојан и Тамара се вистински професионалци во тоа што го работат, имав чувство како да ги знам долго време уште на првиот состанок. Искрени се, флексибилни, толерантни. Од мене се очекува труд, посветеност и квалитет, а не квантитет.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи со кои придонесуваш во тимот?  Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Во моментов работам на Brainster IO и правам market research. Имам задача да направам детално истражување на пазарот според критериумите кои ми се дадени. Најголемо задоволство ми претставува кога по долго барање на некој потребен детаљ за истражувањето „ќе никне“ сам од некаде. 

 

Кој е најголемиот предизвик со кој што се имаш соочено до сега?

Почетокот беше најпредизвикувачки, бидејќи за првпат се сретнувам со предизвик од овој тип, па бев малку загрижен околу тоа како ќе се снајдам, но ми помина. 🙂 

 

Најбитна лекција што ја научи на Академијата?

Научив дека праксата е вистинската мајка на знаењето.

 

За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

До сите оние кои барем еднаш размислиле да ја сменат кариерата или да се доусовршат себеси и до сите кои им е целосно непозната материја: Луѓе! Јас изгубив 2 години размислувајќи дали да се насочам во сферата на дигитален маркетинг. Не ја правете истата грешка и вие, бидејќи вреди!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!