Запознајте ја Тамара Христовска – амбициозна, креативна, позитивна и прилично упорна личност, којашто докажа дека со многу труд и верување во себе може да се реши секој предизвик и да се постигне посакуваната цел.

По завршувањето на Академијата за графички дизајн, Тамара стана дел од тимот на Brainster и започна да ја гради својата кариера како графички дизајнер токму на практикантска позиција во дизајн тимот.

 

Си поразговаравме со Тамара за нејзината улога во нашиот дизајн тим

 

 

Како би можеле да те претставиме на читателите – Која е Тамара?

Хај, јас сум Тамара, имам 23 години и сум студент на ФЕИТ. Моментално сум на пракса како графички дизајнер и за себе можам да кажам дека сум амбициозна, креативна, позитивна и прилично упорна личност. Ме исполнува времето поминато со друштво на сонце и добра музика во позадина.

 

Ти си наш студент на Академијата за графички дизајн. Како ни дојде во Brainster?

Па, да бидам искрена, имав фаза каде што се пронаоѓав себеси, и баш во тој период ми се појави реклама на инстаграм oд Brainster. Се распрашав наоколу за Brainster, и сé што слушав беа позитивни коментари. Мојата одлуката на крај беше повеќе од јасна. 🙂 

 

 

Зошто баш графички дизајн? 

Отсекогаш знаев дека дизајнот е она што ме интересира, само ми требаше време и место за да излезам од својата тогашна комфорт зона. Мислам дека Brainster ми помогна да си го најдам своето „место” во графичкиот дизајн, а воедно и просторот каде што сé она што не можев да го искажам со зборови, сега го доловувам преку дизајн.

 

Својата кариера како графички дизајнер ја започна токму во Brainster на практикантска позиција. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Yes, ја завршив Академијата, и набрзо ме известија дека сум избрана за практикант во тимот на Brainster. Преку праксата, всушност научив многу повеќе. Целото знаење што го стекнав за време на Академијата, успеав да го применам тука, а истовремено и да го надградам за многу, многу нивоа. Тимот и менторката се оние кои најмногу влијаат на мојот развој и подобрување.

 

 

Како изгледа еден работен ден на еден графички дизајнер? Кои се твоите главни задачи и обврски?

Па, прилично исполнето. Како „morning person”, денот ми почнува околу 8:00, со доручек и кафе. Стартуваме со тимски состанок, се координираме со обврски и загреваме столчиња. Многу ме мотивираат „Well done, fire креатива” – коментарите во текот на денот. А, за задачите, можам да кажам дека има од сé по нешто – од креативи и social media постови, па сé до гифови и сертификати.

 

Опиши ни ја атмосферата во дизајн тимот.

Пред сé, екстремно friendly! Full-time комуникација и тимска работа. Секогаш расположени за сугестивни критики и совети за подобрување, споделување на знаење и инспирации. Хармонија, позитива, а и постојано учење на нови работи е она што ни го исполнува секој работен ден.

 

 

Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено досега? Која е тајната за надминување на предизвиците?

Дефинитивно работата на реалните проекти за време на Академијата. Моментот каде што за првпат се соочив со реален клиент, дизајнирање според одредени барања и критериуми, и презентирањето на моите идеи и решенија беа огромен предизвик за мене да дадам сé од себе. А, трудот и самодовербата се мојата тајна. 🙂 

 

Омилен модул и зошто?

Па, неблагодарно е да издвојам еден, но ако веќе морам – дизајн на пакување! Зошто – мислам дека најмногу поради менторката која е секогаш тука со конструктивни критики и совети за подобрување. Меѓудругото, и самиот модул опфати повеќе теми, работа во повеќе програми, експериментирање со бои и типографија, игра со визуелна естетика. Сеопфатен модул, кој ни овозможи да видиме како изгледа еден целосен проект спакуван во пакет.

 

 

Најважна лекција што ја научи на Академијата за графички дизајн?

Уф, многу ги има. Но – само максималниот труд и работата ќе те однесат до целта.

 

За крај – твој совет до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена во насока на графички дизајн?

Верувајте во себе и излезете од својата комфорт зона – таму е покомфортно!

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!