Запознајте ја Анета Димоска – одговорна, трпелива и трудољубива личност со огромна желба за знаење и напредок, која го совлада предизвикот, излезе од својата комфорт зона и докажа дека и без претходни познавања, со многу труд и енергија може да се постигне секоја цел.

Анета успешно ја заврши нашата Академија за Front-End програмирање, а потоа стана дел од Brainster како практикант во нашиот tech тим.

 

Си поразговаравме со Анета за нејзината улога во нашиот tech тим

 
Здраво Анета! Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Анета?

Би се опишала себеси како одговорна, трпелива и трудољубива личност со огромна желба за знаење и напредок. Како некој којшто доаѓа од сосема различна сфера и без претходни познавања од областа на програмирањето, можам да кажам дека конечно се пронајдов во работа којашто ме исполнува и ме предизвикува да излезам надвор од комфорот. Од друга страна, јас не сум јас без танцувањето, deep talks со пријателите, читањето книги, пишувањето и времето поминато во природа.

 

Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Front-end developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?

Идејата и желбата околу запишување на ваков тип на Академија ја имав уште пред неколку години, меѓутоа поради различни животни околности не се одлучив да ја реализирам во тој момент. Пред сѐ, сакав добро да се информирам и да донесам правилна одлука во кој правец да се насочам. Многу ме охрабруваа успешните приказни на некои алумни студенти кои ги познавав и ми беа мотив дека дури и без претходни познавања, сепак може да се стане успешен девелопер со многу труд и енергија. Front-end програмирањето го одбрав затоа што е област која што е креативна, го оживува дизајнот на апликацијата и дава голема слобода за експериментирање.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Да, предизвици имаше многу, меѓутоа од денешна перспектива благодарна сум за сите предизвици и потешкотии на патот затоа што ме направија да бидам подобра во знаењето и работата. Академијата ми беше големо искуство пред сѐ затоа што научив нешто што претходно воопшто не го ни познавав. Совладувањето на материјалот и проектите бараше голема дисциплина, посветеност, време и енергија. Иако тоа значеше дека во одреден момент морав да се откажам од некои активности кои би ги правела во слободно време, сепак она чувство на исполнетост кога нешто успешно ќе научам или сработам беше голема компензација и награда за сите „жртвувања.” 🙂 

 

По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во tech тимот на Brainster. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука?

Сметам дека завршувањето на проектите и предизвиците во текот на Академијата, посветеноста, трудољубивоста, отвореноста за соработка и учење, ме донесе до тука кај што сум, но од друга страна свесна сум дека имам уште многу за учење, па така оваа прилика е одлична можност за мене да го остварам тоа. Навистина бев многу среќна кога добив понуда за интервју за пракса во Brainster и воопшто не размислував дали да ја прифатам. Едноставно, знаев дека тука ќе имам можност да учам од најдобрите, да се развивам и секако да придонесувам за подобро искуство на идните студенти преку проектите на кои ќе работам. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

Најпрво се договараме со колегите околку поделба на таскови за тој ден и после тоа почнува забавниот дел – решавањето. Моментално работиме на многу интересна и корисна апликација којашто доста ќе го олесни секојдневието на студентите и вработените во Brainster и ќе им помогне во стекнување на нови знаења. Од Front-end технологии, аликацијата ја изработуваме во React.js со помош на styled-components (за CSS features).

 

Што значи Front-Еnd програмирањето за тебе?

Front-end програмирање за мене значи креативност, слобода, истражување, трпеливост, анализа на детали и простор за голем напредок. Front-Еnd програмирањето ја спојува реализацијата на идејата на дизајнерите од една страна, но од друга страна и грижата за подобри перформанси и работа на апликацијата. Програмирањето ме научи дека секој проблем има решение ако му се пристапи со ладна глава и отворен ум.

 

На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?

Најмногу сум горда на тоа што сум била истрајна, доследна, трпелива и што не сум се откажувала на првата препрека. Нема да излажам ако кажам дека токму ова што го работам денес ми е реализација на една голема желба и благодарна сум за тоа. Секако дека и претходните работни искуства кои не ми беа поврзани со програмирање, ми беа достигнувања сами по себе затоа што ме донесоа токму до ова ниво, карактерно, но и професионално. 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Во иднина се гледам како успешен Front-end developer кој придонесува за подобра сегашност и иднина преку изработка на различни апликации кои ќе ни го олеснат живеењето.

 

За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?

Мислам дека веќе сите сме свесни за тоа во кој правец се движи иднината, а со тоа и кариерните можности на секој од нас. Изучувањето на нови технологии дефинитивно е сигурна карта која ќе ни овозможи подобар личен и професионален развој, па така доколку некој се размислува дали да се запише на оваа Академија или не, најтопло би го охрабрила да проба. Не е важно каде се наоѓаме или што правиме во животот, едноставно никогаш не е доцна да се изучува програмирање. Академијата, барем за мене беше инвестиција којашто си ја должев подолго време и сега можам да кажам дека воопшто не погрешив во мојот избор. Освен тоа, менторите, но и целиот тим на Brainster мене ми го направи целиот процес многу полесен и посовадлив.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.