Сите ние живееме во сè повеќе визуелно центричен свет. Опкружени сме со графички дизајн во секој можен момент. Од нашите уреди до нашите социјални медиуми и во секој излог на секоја улица.

Ако креацијата на дизајни и изнаоѓање на паметни начини како да ги комуницираш пораките креирајќи визуелна содржина ти звучи интересно и привлечно, тогаш графичкиот дизајн е правилниот кариерен пат за тебе.

Причините за да го започнеш своето креативно кариерно патување во светот на графичкиот дизајн се многубројни, а во продолжение издвоивме 5 причини коишто ќе те приближат поблиску до убавината на оваа професија.

 

 

5 причини зошто да почнеш да учиш графички дизајн:


1. Креативна професија со многу кариерни можности

Графичкиот дизајн е одлична кариера за луѓе кои се креативни мислители и уживаат во уметноста, технологијата и комуникацијата. Во денешно време, потребата за графички дизајнери постои во секоја индустрија, така што доколку се решиш да навлезеш подлабоко во оваа кариера, биди сигурен дека твојата работа ќе биде исполнета со многу кариерни можности и низа од возбудливи проекти. 


2. Зголемена побарувачка на графички дизајнери на глобално ниво

Графичкиот дизајн игра клучна улога во модерната средина и претставува еден од факторите коишто им овозможуваат конкурентска предност на компаниите. Секоја компанија денес има потреба од услуги на графички дизајнери кои опфаќаат широк спектар на активности кои можат да ја донесат репутацијата на компанијата на едно повисоко ниво.

Улогата на графичките дизајнери е значајна не само за да создадат импресивни маркетинг материјали како брошури, веб страници и дизајни на социјалните медиуми, туку и за ефективно пренесување на пораката до целната публика. Токму поради ова, графичките дизајнери се едни од најбараните на глобално ниво, а нивната побарувачка продолжува да расте од ден за ден.


3. Работа на проекти како freelancer

Популарноста на freelancer-ите сé повеќе и повеќе расте, а ситуацијата е иста и за графичките дизајнери кои се одлучуваат за freelance наместо full-time работа. Графичкиот дизајн е индустрија во подем, па затоа и многу freelance графички дизајнери ја започнуваат својата кариера на freelance пазари. Всушност, ова може да биде и еден од начините како да изградиш богато портфолио со разновидни проекти кои ќе те направат конкурентен на пазарот на труд. 

Без разлика дали веќе имаш одредено искуство во графички дизајн или пак допрва сакаш да навлезеш во убавините на оваа индустрија, еден од најдобрите начини за да успееш е да се осигураш дека имаш цврста основа на вештини. На Академијата за графички дизајн, покрај тоа што ќе ги совладаш најбараните вештини за да успееш во оваа кариера, ќе имаш можност и да се запознаеш со начинот на работа како freelancer и да се пронајдеш во она што тебе најмногу ти одговара.


4. Слобода во изразување и креативност

Доколку се сметаш за креативна личност не се задоволувај со професии коишто се водат по одредени строги правила и можат да ја задушат твојата креативност. Графичкиот дизајн е професија којашто ќе ти ја даде целата слобода во изразување и твојата креативност ќе може да излезе на виделина.

Оваа професија се вбројува во една од најкреативните области во светот токму поради тоа што улогата на графичките дизајнери е да создаваат визуелни комуникации секој ден низ целиот свет. Како што технологијата продолжува да се развива, графичките дизајнери имаат можност да работат со различни алатки и техники за да создадат визуелно привлечна содржина што е едноставна и лесна за разбирање.


5. Компаниите имаат потреба од бренд идентитет кој ќе ги издвои од останатите

Бренд идентитетот се состои од видливите елементи на брендот, како што се бојата, дизајнот и логото, кои го идентификуваат и разликуваат брендот во главите на потрошувачите. Тука на сцена настапуваат графичките дизајнери кои се задолжени за креирање на добар бренд идентитет на компанијата. Добро поставениот бренд идентитет е оној кој ги издвојува добрите компании од просечните.

Добро испланираната стратегија за графички дизајн е важна за бизнисот да го воспостави својот имиџ и да остане визуелно конзистентен. Користењето на уметноста на графичкиот дизајн помага во подобрувањето на идентитетот на брендот и препознавањето на брендот на компанијата, со што ги прави графичките дизајнери важни од секој аспект.



Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!