Запознајте го Јован Шојлевски – сè уште наш студент на Академијата за дигитален маркетинг, кој после 3 месеци од стартот на предавањата ја лансираше својата кариера во светот на маркетингот како Junior Email Marketing Specialist во компанијата George Kapernaros.

 

Си поразговаравме со Јован за неговото ново работно место

 

Здраво Јован! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво! Јас сум Јован Шојлевски – инспирирана 20 годишна личност, нов во светот на дигиталниот маркетинг. Поголемиот дел од животот се занимавав со фудбал и студирав една година на Филолошки факултет „Блаже Конески“ пред да се отпишам за да учам во Brainster.

 

Ти си сè уште наш студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си поминуваш на Академијата за дигитален маркетинг? Имаш ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Искуството ми е незаборавно. Научив премногу нови работи во изминатите месеци и склопив доста пријателства преку групните задачи. Секогаш имав некој нов предизвик кој едвај чекав да го совладам. Генерално, одличен е процесот на учење и со помош на искусните инструктори, техниките секогаш ги совладувам без проблеми.

 
За време на Академијата, започна да работиш во компанијата George Kapernaros како Junior Email Marketing Specialist. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно? 

Имав одлучено веднаш да бидам достапен за препораки на работна позиција, иако немав некои виши вештини. Потоа, може да се каже и дека беше неочекувано, бидејќи бев дел од Академијата само 2-3 месеци, ме исконтактираа за интервју на работна позиција во која некои од моите кратки поранешни искуства одлично се вклопуваат. По интервјуто, поминав низ доста долг trial период каде што имав шанса да ги покажам моите вештини и потенцијал.

 

Што би можел да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?

Областа за работа е стриктно e-mail маркетинг. На почетокот се работеше само со клиенти од Грција, а денес, има доста клиенти од различни држави – и нивниот број редовно се зголемува. Вработените се одлична група на позитивни луѓе кои секогаш се подобруваат и од кои има многу да се учи.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

Работниот ден ми започнува од 08:00 наутро. Работам од дома – што ми е омилен дел бидејќи не уживам да станувам порано за да се спремам и патувам. Тоа што јас го работам преку денот зависи од повеќе работи, вообичаено се состои од: copywriting, content creation, editing, како и користење разни алатки и платформи како Klaviyo и Photoshop.

 

Три зборови кои те опишуваат?

Амбициозен, компетитивен и страстен.

 

За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера во оваа област и сакаат да преземат ваков чекор?

Лично мене ме убеди да се запишам тоа што бев сигурен дека ќе имам подобро искуство изучувајќи го тоа што го сакам од искусни луѓе во својата бранша (како инструкторите на оваа Академија) и дека сигурно ќе имам можност за работа ако се докажам. За другите што се двоумат да преземат ваков чекор, имам да кажам дека никогаш не е касно, секогаш е подобро да се учи и работи нешто што ќе ви биде пасија цел живот, отколку да продолжите да градите кариера која самите знаете дека не ви се допаѓа.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!