Во оваа блог објава, си поразговаравме со Андон Ангов – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Андон, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Андон?

Здраво на тебе што го читаш овој блог. Јас сум Андон Ангов, имам 22 години и доаѓам од Гевгелија. Сопственик сум на Villa Vadian & Pool, која ја издавам. Издавањето е професија која во суштина се заснова на истите принципи како и самиот UX/UI. Во издавањето, две работи се клучни. Едната е гостите да имаат извонредно искуство додека престојуваат, а другата е континуираното надградување на објектот кој го издаваш како од визуелен, така и од технички аспект.

Осознавајќи го ова и увидувајќи дека е нешто кое ме исполнува и во кое сум успешен, дознав за Brainster, па се запишав на Академијата за UX/UI дизајн, со цел уште повеќе да ги развијам овие вештини и да станам одличен UX/UI дизајнер.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Деновите кога немаме часови ги започнувам со преслушување на предавањата од претходниот ден. Врз основа на тоа, правам план за тоа што и колку треба да сработам или научам. Бројот на саати дефинитивно варира, бидејќи не сите проекти се со еднаква тежина, плус некои се индивидуални, а некои тимски. Но, она што е сигурно е фактот дека откога сум запишан на Академијата, за мене важи латинската поговорка ,,Nulla dies sine linea” во UX/UI областа. Во денот или неделата кога сум ги завршил обврските кон Академијата, своето UX/UI знаење го продлабочувам со работа на фриленс проекти.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Од почит и благодарност кон сите ментори, не би сакал да изберам ниту еден како омилен. Дополнително, во моментот кога го пишувам ова не ми се поминати сите модули. Меѓутоа, кога веќе ептен би морало да се избере, би рекол дека се тоа модулите Design & UI со менторот Јане Наумоски. Тоа е така, бидејќи тука сето она што нѐ научија во претходните модули Сергеј, Маја и Мартин, моравме да го примениме и склопиме во само еден проект.

Дополнително, сето ова беше проткаено со извонредните совети и идеи од менторот. Меѓутоа, досега од Академијата научив дека секој модул е сѐ подобар и подобар од предходниот, пред сѐ поради знаењето кое со секој модул го акумулираме, па така со нетрпение чекам во целост да го искусам тековниот модул Storytelling, предаван од менторот Златан Мујчин.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Мислам дека секоја Академија на Бреинстер е полн погодок и дека за тоа зборуваат резултатите. За UX/UI Академијата би кажал дека е погодна за сите, поради тоа што самата област е збир од многу сфери, но сепак истата е особено наменета за оние што сакаат да се стекнат со голема емпатија, широко размислување за светот, креативност и дизајн. Преку оваа Академија ќе научите да креирате продукти, но она што е најважано ќе научите „зошто“ да го правите истото. А, кога ќе ги споите тие две работи, вие сте создале продукт кој има вредност за бизнисот.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Не би издвојувал ништо само по себе, бидејќи за мене целата Академија претставува момент кој засекогаш ќе го паметам во многу, многу позитивно светлo и истата е нешто кое дефинитивно му беше потребно на мојот професионален живот и развој.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Би издвоил две работи. Првата е секогаш да се поставува прашањето „Зошто?“ и да се бара одговор на истото, затоа што само таквиот дизајн кој ги има одговорено тие прашања за сите негови делови претставува дизајн за продукт, а тоа во превод е дизајн кој има вредност за бизнисот. Втората е „trust the process“. Тука би додал и напоменал дека ова може да се практикува само таму каде што процесот навистина и постои. Brainster e место каде што има одлично разработен процес кој гарантира резлутати.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина себеси се гледам како успешен UX/UI дизајнер во успешна компанија, компанија која ги има вредностите кои го красат Brainster. Под ова, особено мислам на место каде постојано се учи и се напредува во секоја сфера на животот.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!