Студентите зборуваат за искуството – Александра Настова

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Александра Настова – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Александра, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Александра?

Здраво! Јас сум Александра, студент на Академија за Full-Stack програмирањеа од неодамна и практикант во tech тимот на Brainster. За себе би кажала дека сум љубопитна и амбициозна личност која има високо поставени цели. Секојдневно учам и се надградувам и во тек сум со најновите технологии во ИТ сферата. Настрана од кодирањето, сакам да читам добри трилер книги и да го поминувам слободното време со најблиските личности.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Full-Stack програмирањекако студент?

Во кратки црти, мојот регуларен ден започнува со голема шолја кафе, рикеп и прегледување на материјалите од претходните предавања, правење на дневен план за работа и акција. Бидејќи дел од активностите на Академијата ни се тимски, во секојдневна комуникација сум со Денис, мојот „partner in coding“ и заедно решаваме проблеми, предизвици и разменуваме идеи.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Омилен модул ми е Laravel, бидејќи како framework нуди доста можности. Ни овозможува брз развој на веб апликации, има одличен еко систем и документација која е лесна за разбирање.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Once upon a time, a wise man said: „Најдоброто време да започнете со програмирање е вчера!“ А, јас би се сложила во целост со истото. Со вас на Академијата се исклучително квалификувани ментори – професионалци кои од почетник со нула претходно знаење, ќе ве трансформираат во програмери спремни за работа.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Би ја издвоила работата на реални проекти како клучен момент, бидејќи при завршување на Академијата за Full-Stack програмирање веќе имате богато портфолио од реални и интересни проекти.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Развивање на problem-solving mindset & thinking outside the box.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Како успешен web developer, digital nomad working from the Caribbean. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!