Дали сонуваш како би изгледал еден ден на нова работна позиција? Се прашуваш дали имаш „соодветна“ позадина и основа за да започнеш да работиш нешто што отсекогаш си го посакувал? Избирањето на нов кариерен пат може истовремено да ти предизвика и несигурност и возбудa.
Ако UX дизајнот е на твојата листа на можни кариери, можеби сè уште се прашуваш: ,,Дали UX дизајнот е ветувачка кариера за мене?”
Затоа, ајде да ги проследиме главните причини за започнување на кариера во UX дизајн во 2022 година:
1. Претставува одличен спој помеѓу технологијата и креативноста
Бидејќи UX дизајнот бара критичко и креативно размислување, ќе можеш да ги вежбаш сите страни на твојот мозок. UX дизајнот ќе ти овозможи да го икористиш твоето дизајнерско размислување и да го интегрираш со веб-дизајн и функции за кодирање на предниот дел.
Во процесот на истражување на корисниците, ќе можеш да ја примениш и човечката психологија. Позицијата UX дизајнер би била идеална за оние кои уживаат и во креативниот процес и во технологијата.
2. UX дизајнот обезбедува можности за раст
Работењето како UX дизајнер може да вклучува сè, од извршување на корисничко истражување и тестирање на употребливост до прототипови, анализа на податоци и тесна соработка со маркетерите и програмерите.
Причината зошто UX дизајнот е перспективна кариера е тоа што со него можеш да научиш голем спектар на вештини за време на твојата кариера, како:
- Критично размислување;
- Визуелна комуникација;
- Истражување;
- Дизајн на производи;
- Дизајн на искуство со клиентите;
- Дизајн на услуги.
UX дизајнот е огромно, врвно поле со неограничени можности за учење, раст и напредок.
3. Корисниците се на прво место
Како UX дизајнер, можеш да работиш на проблеми од реалниот свет, кои навидум изгледаат мали и незначителни. Без разлика дали се работи за апликација, веб-страница, финансиски услуги или изглед на продавница, корисникот и неговите барања треба да се стават на прво место при процесот на дизајнирање.
Многу компоненти на UX дизајнот, како што се истражување на корисникот, воспоставување контакт и добивање повратни информации за производите, веројатно ќе те привлечат доколку имаш природна способност за емпатија. Разбирањето и давањето на приоритет на потребите на корисниците е во срцето на UX дизајнот.
4. Подобро осознавање на човечкото однесување
UX дизајнот е поле што може да биде многу привлечно. Едноставно кажано, со цел да се дизајнира корисничко искуство кое би било ефективно и пријатно за корисникот, UX дизајнерите мора да се стават во кожата на корисникот.
Корисникот е во сржта на UX дизајнот, без разлика за кое поле станува збор. Секако, мора прво да ги разбереш корисниците со цел да обезбедиш најневеројатно можно искуство.
5. UX експертите се едни од најдобро платените на денешниот пазар на труд
Работењето на значајна и корисна работа е еден од најважните, а можеби и најважниот фактор за задоволство од работното место. Задоволството од платата, од друга страна, е критично. Ако мислиш дека твојата напорна работа не е доволно ценета, можеш да почнеш да бараш алтернативни опции дури и ако уживаш во моменталната работа.
Без разлика дали UX дизајнерите работат од дома или во канцеларија, тие важат за едни од најдобро платените на денешниот пазар на труд. Платите за UX специјалистите растат поради глобалниот недостиг на вештини и зголемената конкуренција, особено за средните и високите позиции, определени од неколку фактори, вклучувајќи го и долгогодишното искуство, локацијата и видот на бизнисот.
За крај, со сигурност можеме да кажеме дека UX дизајнот е ветувачка кариера, а сите овие причини го потврдуваат тоа. Работните места во UX/UI дизајнот обезбедуваат можности за раст и напредок, при што многу UX професионалци напредуваат на позиции на ниво на директори.
Запомни дека сè што ќе правиш ќе го подобри пристапот на луѓето до производи и услуги, со што ќе им го направи животот многу полесен. Сатисфакцијата од давањето на таков придонес во општеството ќе ти биде неверојатна!
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!