Во оваа блог објава, си поразговаравме со Драгана Прешеска – алумни студент на нашата Академија за графички дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Драгана, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Драгана?

Здраво! Јас сум Драгана Прешеска, дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност и моментално студент на Aкадемијата за графички дизајн. Себеси се сметам за креативна и комуникативна личност, која постојано сака да учи нешто ново и да се надградува. Па, така започна и идејата за Brainster! 😀 

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за графички дизајн како студент?

Еден мој регуларен ден на Aкадемијата започнува со слушање на предавањата за соодветниот модул, кои кај мене предизвикуваат исклучителна мотивација и желба за учење. А, подоцна со изработка на домашната работа, за којашто максимално се посветувам и го давам својот максимум.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Искрено, не знам дали би можела да изберам. Секој модул си е интересен на свој начин и од секој модул има многу што да се научи. Но, ако мора тогаш би избрала три! Векторска графика (Illustrator) кај Сергеј, Типографија кај Бане, понекогаш може да се направи одреден дизајн за многу кратко време, но за да се одлучиме кој фонт да го користиме може да ни требаат и два дена. Е тогаш е многу тешко! Исто така, би го избрала и Indesign кај Ана, посебно интересна ми беше работата со мастери.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Доколку сакате предизвици, динамика и промена на вашата професија, НЕ ЧЕКАЈТЕ! Никогаш не е доцна да се направи вистинскиот избор, доколку навистина имате желба за тоа. Не се плашете од тоа дека немате никакво претходно искуство, и јас немав, но сепак многу научив.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Дефинитивно ќе го паметам второто предавање од модулот Illustrator кога ја учевме алатката Pen Tool, ми изгледаше толку тешко и комплицирано што мислев дека никогаш нема да ја научам. Тие моменти на паника поради Pen Тool мислам дека засекогаш ќе ги паметам, иако сега таа алатка често ја користам и ми е омилена.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Секоја работа бара посветеност и дисциплина како и почит на туѓото време. Секоја упорност, напорна работа и желба за напредок на крајот ќе се исплати. Но, за сѐ е потребно трпение и време! 🙂 

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Се гледам како успешен графички дизајнер со богато портфолио!

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!