Најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн – Елена

Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за UX/UI дизајн, студентите имаа задача да ги креираат своите портфолија, а со тоа и да ги покажат своите стекнати знаења и вештини.
Во UX/UI портфолијата се сместени сите проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите партнери за ко-иновации. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување.
Како едно од најдобрите финални UX/UI портфолија, се најде и она на Елена Петроска
Елена Петроска е студент на Академијата за UX/UI дизајн која покажа супер перформанси и не ја пропушти можноста да учествува на Хакатоните и реалните проекти кои беа дел од програмата.
Мометално живее во Берлин и работи како архитект. За нејзината идеја и желба да се запише на Академијата за UX/UI дизајн ни кажа дека потекнува од тоа што сака да ги поддржува македонските брендови и бизниси.
Исто така, таа е дел од студентите кои работеа на реален проект за модниот бренд Zanov и веб-страница со целосен UX/UI дизајн за клиентот Специјална Олимпијада Македонија.
Во продолжение, можете да го погледнете портфолиото на Елена и да дознаете што таа ни раскажа за нејзиното искуство
Зошто баш UX/UI дизајн?
Уште од мала израснав во фамилија покрај дизајнери и архитекти, па оваа Академија беше некако следниот логичен чекор кој го барав за надградување на мојата кариера. На почетокот, морам да признаам, мислев дека многу ќе се задржам на UI, но со текот на времето како следеа часовите се повеќе навлегувавме во UX делот и мене навистина изненадувачки многу ми се допадна тој дел со research. Многу ми е драго што имав можност и двете да ги спровердам во пракса на одлични проекти.
Каков беше процесот на изработка на своето портфолио?
Со многу преработки ама забавно. 😀 Тешко е да се даде свој печат толку тазе искочен од Академијата, но сакав да постигнам минимализам и тоа за мене беше најпредизвикувачкиот дел. Сè уште го изработувам бидејќи имам проекти кои се во тек, па со текот на времето и тие ќе бидат додадени откако ќе завршам темелно со case studies.
Раскажи ни на кратко за останатите проекти во твоето портфолио?
Сите проекти ми се драги, без разлика дали тоа решение (од нашиот тим) е избрано за победничко или не. Сите беа различни и уникатни на свој начин и од истите имаше многу да се научи. Решенија од мојот тим кои отидоа во понатамошна изработка беа решенијата за website за Специјалната Олимпијада на Македонија и решението за дизајнерот Zanov. Особено сум горда на проектот за Специјалната Олимпијада на Македонија, бидејќи највистина вложивме многу труд за да им го дадеме на клиентите точно тоа што го бараа.
Уште еден проект кој едвај чекам да го видам во конечна фаза е на дизајнерот Zanov, кој го работевме на хакатон. Самата тема беше многу интересна и предизвикувачка за нас, бидејќи станува збор за high end fashion, каде што требаше да се имплементира и e-shop. Тој сплет на дизајн и мода нас навистина ни се допадна, самата комуникација со клиентот одеше многу лесно и на крај дури и не осетивме дека всушност сме имале само 48 часа за проектот. Откако клиентот го избра нашето решение, следуваше секако и доработка, и покрај тоа што напорно работевме на овој проект можам да кажам дека сите излеговме многу задоволни и со многу научени работи од истиот.
Што најмногу ти остана во сеќавање од твоите студентски денови на Академијата за UX/UI дизајн?
Најмногу ќе ги памтам brainstorm сесиите со тимовите со кои работев, а посебно хакатоните. За мене тие сесии се најголем извор на учење и секако тука морам да го споменам менторот Златан кој секогаш беше спремен да нè предизвикува како би имале најдобри можни анализи и да бидеме добро потковани со информации без разлика дали станува збор за спремање на интервју со stakeholders или пак презентација.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!