Во оваа блог објава, си поразговаравме со Мартин Радуловски – студент на нашата Академија за дигитален маркетинг за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Мартин, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Мартин?

Јас сум Мартин Радуловски, студент сум на Економски факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, на департман Маркетинг. Како некој којшто 4 години студира на Маркетинг смер, тоа ми беше и главниот мотив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг, од причина што знаењето коешто го имам апсорбирано досега, да го надградам, да се стекнам со нови вештини и да стекнам пред сѐ, едно ново искуство што во овој случај е многу големо.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за дигитален маркетинг како студент? 

Времето што го поминувам на самите предавања на Академијата и сѐ што е надвор од регуларните предавања е навистина прекрасно, секој ден ми е исполнет. Покрај редовното следење на сите предавања што ги имаме три пати во неделата, секогаш го преслушувам предавањато наредниот ден, искомбинирано со водење на забелешки во тетратка. Исто така, имам консултација и соработка со колегите и извршување на зададените домашни што менторите ни ги даваат.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Во суштина, секој модул си е приказна за себе и од секој модул поединечно научив многу работи досега. Но, јас би ги издвоил модулите поврзани со Landing Page, Social Media Advertising и Google Advertising, бидејќи сметам дека овие модули се практично многу применливи, особено во делот на пуштањето на рекламите на Facebook и Instagram, креирањето на кампањите на Google Ads, и Landing Page-от како сегмент којшто е многу важен поради фактот што добро креираната веб-страница е од големо значење.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Топла препорака за секој кој сака повеќе да научи и да се усоврши во областа на дигиталниот маркетинг или за некој којшто првпат се соочува со тоа. Навистина е добар старт, првенствено да ја сфати суштината на дигиталнот маркетинг, неговата примена, да се стекне со големо знаење кое ќе му служи и користи во иднина и за работата која веќе ја работи или сака да започне нешто ново.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Секој момент поврзан со оваа Акедемија ќе ми остане во паметење како прекрасно искуство, но како главни моменти би ги издвоил периодите кога работевме во тимови со колегите за конкретни реални проекти. Самата тимска работа којашто ја имавме, соработката помеѓу сите заедно како тим, атмосферата на работа којашто беше многу пријатна додека работевме, ни овозможи да направиме навистина добри проекти кои требаше да ги презентираме пред самите клиенти. Особено би го издвоил хакатонот за музичкиот проект на Дани Димитровска, каде што требаше да направиме комплетна маркетинг стратегија за само 48 часа, а притоа сето тоа да изгледа на едно високо ниво, каде преку заедничка соработка со колегите успеавме сето тоа да го постигнеме.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

Слогата, разбирањето и функционирањето на еден тим како целина, е вистинскиот рецепт за постигнување на големи резултати.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во секој случај, како некој кој е успешен дигитален маркетер, како некој кој го работи тоа што најмногу го сака и некој кој си ги има остварено своите поставени цели.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!