Студентите зборуваат за искуството – Тамара Божиновска

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Тамара Божиновска – студент на нашата Академија за човечки ресурси за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Тамара, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Тамара?
Јас сум Тамара Божиновска, дипломиран правник со 12 години работно искуство. Јас сум исклучително мотивирана личност која постојано се развива себеси и секогаш сум посветена на моите обврски. Сакам предизвици, па затоа и се запишав на Академијата за човечки ресурси.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за човечки ресурси како студент?
Бидејќи сум вработена, слободно време да се посветам на Академијата имам во вечерните часови, кога одвојувам околу два до три часа секоја вечер, за да ги комплетирам лекциите поставени од инструкторите и да ги завршам зададените квизови и домашни задачи.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Досега омилен модул ми е модулот „Управување со перформансите на вработените“, пред сѐ заради интересната тема и одличните live часови со инструкторката Викторија, која цело време ни беше достапна доколку имавме некои прашања.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
На Академијата навистина има одлични инструктори, секој со големо познавање за модулот што го предава, сите лекции се направени на начин да биде јасно за сите и за оние кои немаат претходно искуство поврзано со HR, а live часовите се интересни, со практични примери и дискусија помеѓу нас студентите. Навистина се стекнуваме со знаења кои потоа можеме да ги искористиме доколку работиме во HR секторот.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
На ова прашање не би можела сега да одговорам бидејќи имам уште неколку модули од Академијата, па по нивното завршување ќе можам да го дадам соодветниот одговор. 🙂
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Навистина не можам да издвојам една, бидејќи научив многу нови и интересни лекции поврзани со регрутација, изготвување на перформанс менаџмент систем и мотивација на вработени.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!