Изминатиот период групи на студенти од Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, работеа на реален проект за реален клиент кој го обезбеди центарот за Коиновации и вработување, како дел од активностите за зголемување на вработливоста и успешноста на нашите студенти. 

Станува збор за проект – веб платформа за Универзитетското Студентско Собрание – УКИМ која има за цел да овозможи комуникација и непречено споделување информации со студентите од различните факултети.

УСС е тело на универзитетот во кое членуваат претставници на студентите на Универзитетско ниво. УСС ги претставува студентите, ги штити нивните права и интереси и се стреми за подобрување на студентскиот стандард.

За да се постигне целта на овој проект, беше формиран мешан тим од Front-End студенти и Full-Stack студенти, кои под менторство на Даниела Икономова и Ристе Самарџиев, изработија целосно функционално веб решение според дизајнот кој го изработија студенти од Академијата за UX/UI дизајн.

 

Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за Front-End програмирање за искуството на овој проект:

 

 

Владимир: Работата на реален проект претставува заокружување на целокупното знаење што се учи за време на Академијата, но и за усовршување и стекнување на нови знаења и вештини, пред сѐ и работа во тимови, но и да се одговори на барањата и желбите на клиентот.

Даниела: За овој проект накратко би кажала: од студенти за студенти. Идејата на проектот беше да се подготви функционално решение кое ќе го олесни пристапот до потребните информации и документи на студентите кои студираат во рамки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а воедно студентите ќе имаат можност да бидат во тек со активностите на Студентското Собрание кое функционира во рамки на Универзитетот.

Гоце: Процесот на изработка на овој проект течеше многу организирано. Сите задачи беа поделени тимски, атмосферата беше на многу високо ниво, што сметам дека е многу важно за успешна реализација на секој проект.

Димитар: Иако работата течеше беспрекорно, неизбежен дел при развивање на апликација е да се појават одредени пречки, како багови и слично. Понекогаш тие багови изгледаа нерешливи, но секогаш има решение. Доколку се случеше некој да заглави, тука беше тимот и нашиот ментор Ристе, па заедно ги решававме тие пречки, преку давање различни идеи и предлози.

Александар: Во периодот додека студирав на УКИМ, идејата за формирање на Универзитетското Студентско Собрание за жал беше далеку од реализација, па ете со изработката на интернет-страницата се надеваме дека како тим даваме скромен придонес во олеснување на протокот на информациите до студентите при УКИМ за новитетите коишто се потребни во трасирањето на кариерниот пат и предизвиците со коишто тие се соочуваат во текот на нивниот академски живот. Позитивните реакции од претставниците на УСС за нас претставуваат награда за одлично завршената работа.

Даниела: Јас би рекла дека нема подобро чувство од тоа кога ќе се види задоволството на клиентот после завршениот проект. Како што и претходно истакнав соработката со колегите од тимот, а воедно и со колегите од другите академии беше одлична, што резултираше со функционален финален продукт кој соодветствуваше на барањата и желбите на клиентот.

 

За инспирацијата за работа на овој проект, студентите од Академијата за Full-Stack програмирање ни раскажаа:

 

 

Никола: Сите вештини кои ги учевме на модулите за PHP OOP-PHP и Laravel јQuery AJAX итн, со работа на реален проект ги склопувавме коцките и знаењето кое го имаме, каде, што и како би го примениле. Голем дел од работите кои ги научивме имавме дилема можеби и потешкотии каде би се примениле и како, но со реалниот проект сфативме во кој правец да размислуваме, на кој начин и како да го направиме најидеалното и најоптимално web решение што лесно би се користело од страна на самите студенти, и што би било одржливо во понатамошното негово користење.

Александра: За потребите на студентското собрание на УКИМ, беше потребно да се изработи комплетно функционално веб решение, составено од кориснички панел (изработен од студентите од Академијата за Front-Еnd програмирање) и админ панел (изработен од студентите од Академијата за Full-Stack програмирање). Самата веб страница е од информативен карактер и постојат најразлични секции, како постови, настани, информации за членовите на УСС, најразлични анкети. Доколку студентите имаат некакви нејаснотии или прашања, можат да пополнат форма и да добијат брз одговор од надлежните.

Јордан: Целиот процес беше долг, но доста интересен поради тоа што постојано учевме нови работи, бевме во непрекината комуникација со менторите со цел да ни дадат feedback за тоа што го имаме сработено и дали се движиме во вистински правец. Бевме колеги коишто сме заедно во група на Академијата, комунициравме, се координиравме, поставивме тим лидер и постојано си поставувавме цели каде на неделно ниво имавме дадено што да сработиме со цел да биде готово. Целта беше да се постигне скалабилно и оптимално web решение кое ќе биде доста лесно за одржување во иднина од страна на администраторите кои ќе ја ажурираат самата страница, а воедно и лесно за користење од страна на администраторите и студентите. 

 

 

Гоце: Чувството за соработка на ваков проект во тим беше доста возбудливо, секогаш баравме нов поефективен и поефикасен начин за функционалноста на веб страницата. Искуството што го доживеав беше прекрасно. Проектот имаше доста нови предизвици. Сакам да им се заблагодарам на колегите што соработуваа со мене и ми помогнаа да научам нови работи.

Александра: Со еден збор, презадоволна. Задоволна од фактот што како студенти ни дозволија да работиме на реален проект, за којшто сме особено горди и среќни. Не постои поголем успех од тоа да го видиш продуктот на којшто активно си работел, лансиран и користен од страна на голем број корисници.

 

Совладај ги најбараните вештини на денешницата преку работа на реални проекти за реални клиенти.

Дознај повеќе за програмите на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање.

Интересот е преголем, а бројот на слободни места – ограничен, затоа резервирај го своето навреме!

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.