Студентите зборуваат за искуството – Александра Тодоровска

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Александра Тодоровска – студент на нашата Академија за Data Science за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Александра, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Александра?
Jас сум Александра Тодоровска, имам дипломиранo на Економскиот факултет при УКИМ, смер финансиски менаџмент. Имам 26 години, живеам и сум во вработена во Скопје. Имено, себеси можам да се опишам како личност којашто сака да учи нови работи, да се надградува и да напредува. Слободното време најчесто го поминувам гледајќи серии.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Data Science како студент?
Академијата ме врати назад во годините кога бев студент. Самата помисла дека повторно сум студент е предизивкувачка. Имено, сега морам внимателно да го организирам денот, покрај сите обврски со работа и со самите предавања. За подобро снаоѓање и решавање на некои проблеми кои ги имам со тековните материјали кои ги имаме се самите снимени предавања, дополнителните материјали, самата помош од инструктурите. Сето тоа некако позитивно влијае на крајот од денот.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Омилен модул за мене беше Power Bi дефинитивно! Самата можност да ги анализираме податоците, да ги структурираме, а потоа визуелно да ги прикажеме е прилично интересно и предизвикувачки. Овој модул нуди доста можности за употреба коишто би можела да ги искористам во понатамошната работа.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Секој којшто сака да напредува во својата кариера, да го збогати своето знаење, би можел да се запише на Академијата. Исто така, многу е важно да знае дека Академијата бара многу труд, време и желба за учење.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Дефинитивно моментот кога го започнавме првиот модул SQL, кога сѐ беше ново за мене, бидејќи доаѓам од сосема друг сектор. Меѓутоа, како изминуваа часовите, благодарение на инструкуторите и интерактивните предавања ги надминав првичните потешкотии.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Концентрацијата и внимантелното слушање се најважни за едно успешно предавање.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Можеби како успешен Data Scientist.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!