Пишувањето на код е вид на уметност

Запознајте ја Александра Настова – креативна, љубопитна и проактивна личност која постојано сака да истражува, учи и да го надградува своето знаење.
По завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање, Александра веднаш започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како Full-Stack девелопер во tech тим на Brainster.
Си поразговаравме со Александра за нејзината улога во нашиот програмерски тим
Здраво Александра! Ти си наш алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Александра?
Здраво, јас сум Александра, алумни студент на Full-Stack Академијата за програмирање во Brainster. По природа сум креативна, љубопитна, проактивна, сакам да истражувам, континуирано учам и го надградувам своето знаење. Настрана од кодирањето, сакам да читам добар трилер или да поминувам време со најблиските.
Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Full-Stack програмер. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?
Бидејќи сум доста креативна личност, пишувањето на код за мене е вид на уметност, ми дава можност креативно да се изразам и да оставам свој отпечаток на самиот продукт. Се одлучив за Full-Stack програмирање, поради тоа што се учат повеќе технологии, а со тоа имам и поголема контрола над продуктот што го креирам. Како резултат на тоа можам да работам со поголема флексибилност, бидејќи истовремено можам да работам на клиентскиот дел од апликацијата, како и да градам бази со податоци и функционалности на админ панел.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Full-Stack програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Самата Академија за мене беше life changing moment. Како поранешен градежен инженер, со нула предзнаење, успеав за краток временски период да научам доста интересни работи. Не велам дека е лесно, напротив, бара голема жртва, откажување од доста работи и поставување на приоритети, но на крајот на денот кога ќе направам ретроспектива на изминатава година, пресреќна сум на моите досегашни успеси.
По завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање започна да работиш како практикант кај нас во Brainster. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
Веднаш по завршувањето на Академијата, започнав со практикантска работа во Brainster. За да се стигне до тука, потребно е да се демонстрира знаење, да се има желба за учење и надградување, како и да бидете уникатни и да се издвоите од толпата.
Како Full-Stack програмерот гледа на светот и на работите околу него?
Пред сé, да се биде Full-Stack девелопер потребно е да имате холистички начин на размислување. Да бидете open minded, да ги набљудувате работите од различни агли, да се адаптирате на промените и секако да размислувате out of the box.
На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?
За секој досегашен успех сум особено горда, но ако треба да издвојам тоа би биле реалните проекти на кои работев како студент на оваа Академија. Ми помогнаа да го мултиплицирам моето знаење и да го збогатам моето портфолио со интересни проекти.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Се гледам како успешен сениор девелопер, во пријатна работна атмосфера и опкружена со кул колеги.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Full-Stack програмери и сакаат да преземат ваков чекор?
Тука би издвоила еден цитат: “A year from now you will wish you had started today”. Па, затоа за сите што допрва размислуваат за промена на кариера, ги охрабрувам да го направат тоа уште денес, бидејќи – “Opportunities don’t happen, you create them”.
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!