Во оваа блог објава, си поразговаравме со Јована Грачанин – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Јована, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Јована?

Јас сум Јована Грачанин, имам 24 години, живеам во Скопје и сум студент на Aкадемијата за UX/UI дизајн. Отсекогаш ме привлекувале хобија и професии кои ми овозможуваат да ја изразам својата креативност и способност за обрнување внимание на најситните детали. За себе сметам дека сум емпатична, внимателна, комуникативна и љубопитна личност. Академијата за UX/UI дизајн ја избрав бидејќи верувам дека во оваа сфера најдобро можам да ги спојам и искористам моите интереси и моите најдобри вештини. Во моето слободно време сакам да пливам, планинарам, да се дружам со пријателите и се обидувам да ја користам секоја прилика за патување.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Busy, busy, busy. И покрај останатите обврски и активности во денот, се обидувам скоро секој ден да работам на нешто што е поврзано со UX/UI design. Дали тоа ќе биде работење на проектите и задачите, читање на дополнителни материјали и самонадградување или самото присуствување и работење на предавањата, секој ден е исполнет со нешто без разлика дали е за време на работните денови или викенд. Уживам во учењето и се радувам на сите нови работи со кои се среќавам.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Сите модули досега ми се допаѓале поради некоја одредена причина. Секој модул е посебен фрагмент од целиот процес и секој дел е во кохезија со минатиот. Можам да го издвојам модулот Design бидејќи јас лично можев да сум слободна и да ја искористам мојата креативност, но исто така и да ги искористам и да ги ставам на тест сите работи кои сум ги научила до тогаш.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Академијата е одлична можност да се научи и да се искористи знаењето од инструкторите и останатите колеги. Доколку си емпатичен, одличен слушател и набљудувач на туѓите проблеми и сакаш да ја искористиш твојата креативност да ги решиш истите, тука припаѓаш. Но, исто така би споменала дека е многу важно да се биде целосно посветен и да се работи постојано.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Дефинитивно би ги издвоила презентациите на веќе завршените проекти и Stakeholder интрервјуата. Верувам дека ќе има уште многу незаборавни моменти до крајот на целата Академија, како хакатоните кои мислам дека ќе бидат доста интересни, но и тешки и предизвикувачки.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Do your research, don’t skip steps. Да размислувам на крајниот корисник, најпрво и на неговите преференции и желби. Не секогаш она што ние мислиме дека е најдобро и најдобро изгледа ќе биде најдоброто решение за продуктот на којшто работиме.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам себеси како успешен и искусен UX/UI дизајнер со изградени вештини и стил кој им го олеснува секојдневието на крајните корисници преку развивање на оптимални решенија, кој непрекинато учи и наоѓа нови начини да се подобри. Верувам дека Академијата е клучен дел од мојот пат кон оваа цел.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!