Во оваа блог објава, си поразговаравме со Стефан Зафировски – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Стефан, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Стефан?

Јас сум Стефан Зафировски, дипломиран економист, но во професионалниот живот работам како графички дизајнер. Следејќи ги трендовите во светот на дизајнот пред неколку години започнав да се запознавам со новиот правец – UX design и дојдов до моменталниот статус, студент на UX/UI Академијата на Brainster.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Со оглед на тоа што веќе сум во завршна фаза со предавањата на Академијата, деновите се динамични со постојана работа на проекти. Постојаните консултации со тимот и менторот за актуелниот проект со неминовни часови поминати на Figma го даваат чувството како изгледа еден рутински ден во оваа професија, и навистина уживам додека работам.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

За мене UX делот е многу попривлечен во овој момент, со различните методи за истражување, дефинирање на корисници и проблеми. Од тој аспект, првите модули кои ги поминавме со Барбара би ги издвоил како најзабавни.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Секој што се смета себеси за креативен, а во исто време има развиени аналитички вештини сметам дека е идеален кандидат за иден UX/UI дизајнер. Од мојот личен пример, неколку години поминав во самостојно изучување на професијата. На крајот, се најдов во ситуација кога не знаев дали знаењето што го поседувам е доволно за да навлезам професионално.

Запишувањето во Brainster е најдобрата одлука што сум ја направил. Предавањата се добро структурирани, ми ја доловија големата слика како течат процесите во еден UX проект.  До сите потенцијални и идни колеги, прво истражете и запознајте се со професијата со оглед на тоа што е релативно непозната за генералната публика. Доколку донесете одлука дека UX e вашиот иден кариерен, тогаш Brainster е најдобриот одговор за совладување на патот до првата работа.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Не можам да издвојам посебен момент, но надвор од самите предавања за мене исто толку корисно е времето што го поминувам во работа со тим и совладување на т.н. „soft skills“. За време на Академијата и работата на проектите стекнав и многу пријателства со останатите студенти, а идни колеги во професионалниот свет.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Најважната лекција е што научив што го дефинира добриот дизајн, а тоа не е визуелната атрактивност и „wow“ ефектот на прв поглед за нашите сетила. Дали еден дизајн е добар зависи од неговата корисност и дали го подобрува секојдневниот живот на луѓето.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во блиска иднина, би сакал забрзано да напредувам кон senior позиција, а на среден рок како проектен менаџер со добар тим и солидни предизвици за работа.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!