Во срцето на секој UX/UI дизајн се крајните корисници

Запознајте го Петар Поповски – алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн, чија упорност, труд и голема желба за успех му помогнаа да се вработи и со задоволство да ги извршува секојдневните работни обврски.
По завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн, Петар започна да ја гради својата кариера како UX/UI и графички дизајнер во компанијата Unlimited Coders.
Си поразговаравме со Петар за неговото ново работно место
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Во целост сум повеќе од задоволен од Академијата, во текот на 8-те месеци научив премногу, најмногу од реалните проекти и хакатоните кои беа доста предизвикувачки, но и премногу забавни. Некои модули беа интересни, некои не толку интересни, но го ценам и искуството и знаењето што го стекнав.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Најголемиот предизвик ми беше во последните два модули, storytelling и front-end, бидејќи не сум добар раскажувач на приказни, а front-end делот ми беше нешто ново и немав никакво познавање. Успеав да ги надминам со многу обиди и труд. Би рекол дека доколку не се обидеш нема да успееш, дури и да не успееш, важно е дека си се обидел.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Модулот за UI ми беше најинтересен, благодарение на Јане и Мартин кои го направија целиот процес презабавен и преинтересен со задачите и со многу смеа и ,,мајтап”.
По завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX/UI и Graphic Designer во Unlimited Coders. Каков беше процесот за да стигнеш дотука?
По Академијата работев на моето портфолио скоро 2 месеци. Откако го доработив портфолиото веднаш почнав да барам работа и како freelance на Upwork и преку огласи на LinkedIn и Indeed. Барав огласи за remote работа во Америка, но немав голем успех. Исто така, комуницирав и со Александар од Академијата кој ми помагаше за огласи низ Македонија и аплицирав на повеќето што ми ги предложи тој, а воедно и ме препорача на истите. После 5 месеци непрекинато аплицирање и неколку интервјуа, се вработив во Unlimited Coders како UX/UI Designer и Graphic Designer, и сум презадоволен од мојата работна позиција.
Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?
Unlimited Coders е дигитална агенција која нуди повеќе сервиси, а главно дизајнирање, девелопирање и одржување на веб-страници и мобилни апликации. Тимот се состои од 15тина луѓе, имаме две канцеларии, една во Битола и една во Скопје.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користел?
Од мене се очекува добар UI и UX дизајн поткрепен со добро истражување за тоа што е најдобро за клиентите и за корисниците кои ќе го користат тој производ. Дел од моите алатки за дизајн е Figma – која е најкористена во текот на моето работно време. Во неа ги правам потребните Wireframes и дизајни, а исто така правам и некои постери за маректинг. Други алатки кои ги користам се Adobe Photoshop и Illustrator за едитирање на слики и вектори.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизјанот?
Јас се запишав на UX/UI без никакво знаење за што се работи во таа професија. Како професија нуди премногу поради тоа што е опширна професија. Не мора да биде целосно и UX и UI, можеш да се насочиш на едното од тие две доколку те влече само едното. Мој совет е доколку не пробаш не можеш да знаеш. Упорноста и вербата во процесот отвораат многу врати.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!