Креирањето на наставната програма на Академијата за Data Science, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – PowerBI, каде се учат главните аспекти од BI, што треба да ги совлада секој кој сака да стане data scientist.

Александар Бошевски е нашиот инструктор на Академијата за Data Science, кој го предава модулот PowerBI и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за PowerBI:

 

Што се изучува на моделот PowerBI?

Во модулот се изучуваат главните аспекти од BI, а тоа се:

  • Поврзување до различни извори на податоците и трансформација на самите податоци;
  • Креирање релациони дата модели;
  • Учење DAX јазик, креирање на калкулирани колони, пишување на аналитички формули со помош на DAX јазикот;
  • Визуелизација на податоци, креирање на репорти и дашборди, користење на различни техники за да се раскаже приказна со податоците кои располагаме;
  • Изучување на PowerBI сервисот, споделување на креираните репорти и дашборди со корисници во нашата организација, сетирање на gateway, креирање на Workspaces, Apps.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Покрај сите технички работи што ќе се совладаат, според мене една од најважните работи е процесот каде што се учи аналитичкото размислување, односно како од одреден проблем да се стигне до конкретно решение, и да може да се примени во било која област на работење, на некој начин заедно со SQL ова е основата за да се продолжи патот кон Data Science.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Овде ќе наведам само неколку практични апликации кои можат да се користат во секојдневниот живот:

1. Способност за брзо стекнување на информации за клиентите – бизнисите можат подобро да ги разберат своите клиенти преку анализа на нивните модели за купување и креирање на кориснички профили. Ова им помага да создадат подобри производи и искуства. Еден пример каде што бизнисите можат да ја користат моќта на BI е во сегментацијата на клиентите. Врз основа на видовите производи кои ги купуваат клиентите, кога купуваат, колку често купуваат, тие можат да се класифицираат во различни сегменти. Токму овие сегменти се користат за да му дадат на клиентот подобро искуство преку приспособени понуди за производи и многу повеќе.

2. Финансиско известување – овие типови на PowerBI Dashboards ги прикажуваат основните финансиски показатели на организацијата. Финансиските контролни табли прикажуваат индикатори како: приходи, профит, даноци, залихи, хартии од вредност и сл.

3. Карта со резултати од продажба – ова му помага на менаџментот да разбере како компанијата перформира и колкава е заработката во споредба со претходната година. Исто така, дава информации и за перформансите на различни сегменти на производи и кои канали успеваат да донесат приходи. Овозможува и преглед на KPI’s за приходи и профит.

4. Оптимизација на залихите – PowerBI помага да се идентификуваат обртите на акциите, односот залихи-купување, маржата, ROI и сл.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Секојдневно се генерираат огромен број на податоци и тој тренд сѐ повеќе расте, со сѐ поголемата достапност на BI алатките и за помалите бизниси се отвора огромна можност за примена на BI процеси во секоја компанија без разлика на нејзината големина. Веќе има недостиг на кадри во ова поле и веројатно ќе продолжи тој тренд и понтаму. Изучувањето на Business Intelligence со PowerBI отвора една широка перспектива на атрактивни работи позиции, а ова се дел нив: Power BI Data Analyst, Power BI Business Analyst, Power BI Developer, Power BI Software Engineer, Power BI Administrator. Овие работни позиици се достапни во секоја гранка од индустриите како: IT, healthcare, financial services, insurance, staffing & recruiting, manufacturing, airlines, education, agriculture, banking.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Покрај стандардните домашни и вежби кои ги добиваат за времетраење на самиот модул, изработуваат и неколку целосно функционални дашборди односно функционални решенија како: Retail Sales Dashboard, Human Resources Dashboard, Covid19 Dashboard. По самото завршување ќе можат самостојно да изработат дашборди од сам почеток, од прибирање на податоците до нивна визуелна презентација каде што ќе раскажат една приказна со тие податоци.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!