Изминатиот викенд на Академијата за човечки ресурси се одржа првиот Хакатон организиран од страна на нашиот co-innovation партнер, компанијата Frontwise Group.

Frontwise Group е компанија која нуди регрутерски услуги и обезбедува решенија за регрутирање преку модерен пристап, осигурувајќи ги најдобрите можни кандидати со цел да се реализира процесот на вработување.

Овој Хакатон беше наречен Recruit-a-thon, каде студентите работеа нa принцип на sourcing games и имаа задача да одговорат на 12 различни предизвици, за на крајот да ги презентираат своите решенија пред клиентот.

 

Си поразговаравме со Виктор и Христина – претставници на компанијата Frontwise Group за искуството и соработката со нашите студенти

 

 

Здраво Христина и Виктор, вие бевте нашите први клиенти кои го организираа првиот хакатон на Академијата за човечки ресурси. Кажете ни нешто повеќе за вас и за Frontwise Group?

Христина: Здраво Brainster! Јас сум дел од Frontwise Group од јануари 2021 година, работам како recruitment consultant за странски клиенти и после работење различни позиции, сфатив дека регрутирањето е нешто во кое се пронаоѓам и сакам засекогаш да го работам. Ја имав среќата да добијам шанса во Frontwise Group и супер се дружиме оттогаш. Моментално сме околу 45 луѓе, работиме со клиенти од ИТ, право, логистика, онлајн продажба и постојано бараме нови колеги/колешки, па можеби и некој од студентите од Академијата ќе ни се придружи.

Виктор: Здраво! Во Frontwise Group сум скоро 1 година и тука се случи моето кариерно просветлување. Открив нешто што не знаев дека постои, а притоа тотално да се пронајдам во тоа. Тука многу ми помогна Frontwise Group што ми овозможи да си ги пронајдам своите скриени таленти. Јас сум поприлично комуникативна личност којашто тешко функционира без работа со луѓе и постојано учење, а токму тоа е тоа што се бара во recruitment.

 

 

Како дојдовте до идејата за организирање на еден ваков настан со нашите студенти и како си поминавте?

Христина: Сфативме дека можеме да споиме интересно и практично, ние би споделиле знаење со студентите од Академијата, а тие би научиле како изгледа работа на агенциска регрутација во пракса.

Виктор: Едноставно решивме учењето да го направиме позабавно и поприменливо низ реални вежби коишто ги покриваат главните аспекти на recruitment, а кои воедно се дел од секојдневието на recruitment. Со тоа студентите на Aкадемијата имаа можност своето стекнато знаење да го применат на дело, но и истото самите да го тестираат.

 

Што мислите за бенефитите од ваков тип на соработки за вашата компанија, и кои бенефити ги гледате за студентите како идни HR професионалци?

Христина: Ние споделивме сѐ што можевме за тој временски период, се потрудивме да им биде интересно преку различни игри и задачи. Тие веќе имаа познавање кое го добиле од модулот регрутирање на Академијата, но со овој Хакатон и преку овие соработки студентите би сфатиле дали регрутирањето е нешто на кое сакаат најмногу да се фокусираат во работната позиција, без разлика дали би биле дел од агенција или би работеле интерно за некоја компанија. За нас, најголем бенефит беше што ги добивме Brainster како партнери, а со тоа и нивните студенти кои можеби би сакале да ни се придружат.

Виктор: Со помош на нашите вежби и игри, студентите ќе имаат можност да се стават во улога на вистински регрутери преку реални вежби кои се истовремено реални работни задачи на секој регрутер. Со тоа ќе бидат спремни за нивните идни предизвици во областа на recruitment. Од друга страна, Frontwise Group ќе има нов партнер со којшто ќе дели квалитетна експертиза.

 

 

И за крај, огромна благодарност што бевте дел од овој ефективен работен викенд! Која би била вашата препорака за идните студенти кои се заинтересирани за Академијата за човечки ресурси?

Христина: Верувам дека ќе биде добра одлука, би учеле од огромни професионалци и би добиле одлични можности за вработување. Благодарам на вас за одлично поминатото време, очекуваме нови дружби!

Виктор: Фала и на вас Brainster за укажаната прилика да ги внесеме вашите студенти во светот на recruitment. За студентите ќе кажам со сигурност дека ја направиле вистинската кариерна одлука. Ќе стапат во една многу интересна, динамична и ветувачка професија којашто допрва ќе се развива. 



Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!