Во оваа блог објава, си поразговаравме со Марко Танов – студент на нашата Академија за Software Testing за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Марко, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Марко?

Јас сум Марко Танов, работам во фирма којашто се занимава со транспорт и шпедиција. Мојата професија сама по себе бара аналитичко и детално работење. Секојдневно се трудиме да најдеме нови решенија за подобрување на искуствата на нашите клиенти, користење на нови и напредни системи и технологии за навигација и структурирање на детални планови. Моето досегашно работно искуство ми овозможува комуникација со голем опсег на луѓе како од услужни, така и од индустриски дејности.

Со самото мое искуство со дигитализација на работното поле, развив интерес за софтвер и проверка на квалитет на софтвери. Самото работно искуство и аналитичко размислување за како да се вметнат нови и подобрени дигитални алатки и системи во индустријата ме натераа да се запишам на Академијата за Software Testing.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата како студент?

Регуларниот ден на Академијата ми се состои од time-managеment на денот, прегледување и преслушување на претходно зададените материјали и задачи, комуникација со колегите и консултирање со инструкторите. Крајот од денот го поминувам со дополнително вежбање на материјали и тестирање на софтвер за продлабочување во материјата.

 

Омилен модул и зошто?

За омилени би издвоил два модула: Rest API Testing и Automation Testing/Selenium. Овие два модула посебно ми привлекоа внимание затоа што се воедно и креативни и бараат детално и логичко прегледување на продуктите.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Академијата за Software Testing е одлична прилика за сите кои се заинтересирани да развијат вештини во оваа област без разлика дали се вработени или не. Академијата нуди голем опсег на најактуелни алатки и методи на работа, работно искуство и работа во тим. Топло ја препорачувам Академијата затоа што мене лично ми даде едно life-changing искуство што не се заборава.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Би го издвоил Хакатонот како едно од најубавите искуства на Академијата. Хакатонот ми даде шанса да ѕирнам како навистина изгледа еден ден на софтвер тестер. Одлично искуство и исто така ширење познанства со нови колеги од истата професија.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

„Трипати мери, еднаш сечи”. Континуираната проверка на напишаниот код и test cases е клучна за успешни и сигурни тестирања.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам како успешен QA Engineer, би сакал да допринесам до нови методи и системи за подобрен квалитет на живот на луѓето околу мене.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!