It’s school time again! 🎓
Враќањето во училишните клупи е секогаш највозбудливиот период од годината, како за професорите, така и за студентите.
Подготвувањето за успешна академска година значи поставување на целите и вложување максимални напори кон нивното остварување.
Добра вест: Поради рекорден интерес Early Bird понудата е продолжена до 10.09.2022.
Новостите од месец август се однесуваат на подобрување на искуството на студентите, реалните проекти на кои тие работеа и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.





- Нови достигнувања на нашите студенти!
Изминатиов месец, 27 од нашите студенти ја лансираа својата кариера во повеќе од 20 домашни и интернационални компании. Исто така, беа реализирани 7 реални проекти за нашите партнери за ко-иновации, а исто така беа склучени и 2 нови партнерства за вработување!





- Запознај го тимот на Brainster!
Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Александар Клашниновски – CEO на Brainster Next College и Chief People Officer на Brainster;
- Ема Кастратовиќ – Marketing Coordinator на Brainster Next College и Senior Product Marketer во маркетинг тимот на Brainster;
- Стефан Смиљаноски – Chief Marketing Officer во маркетинг тимот на Brainster;
- Бојан Даниловски – Senior Digital Marketing Specialist во маркетинг тимот на Brainster;
- Анја Марија Макеска – академски координатор и професор на Brainster Next College.
- Реален проект на Академијата за Data Science: Power BI визуелизација
Последниот предизвик на Академијата за Data Science со којшто се соочија студентите беше завршниот проект на модулот Power BI, кој имаше примарна цел студентите практично да ги покажат стекнатите знаења и вештини од предавањата. Идејата на овој проект беше да се изработи Power BI визуелизација за новиот партнер за ко-иновации – организацијата RYCO. Дознај повеќе!
- Победничко решение од Хакатонот за фестивалот When in Krusevo
Последната Cross-Academy соработка ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг. Студентите имаа задача да изработат реален проект – Social Media & Brand стратегија за реалниот клиент When in Krusevo. Дознај повеќе!
- Академија за дигитален маркетинг – Завршен проект: Common.mk
Во оваа блог објава, ќе го запознаете Петар Прнарков – студент на Академијата за дигитален маркетинг чија маркетинг стратегија го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот. Под менторство на Ива Дујак, Златко Матески и Марко Ивановски, студентите ги креираа своите дигитални маркетинг стратегии за клиентот Common. Дознај повеќе!
- Академијата за човечки ресурси одблизу!
Го создадовме блог серијалот „Одблизу“ со цел да ви ги претставиме: моделот на флексибилно учење, проектите кои ги работат студентите, модулите кои се изучуваат, како и инструкторите кои предаваат на нашите Академии. Во првиот блог од овој серијал ќе се запознаете со моделот на хибридно/флексибилно учење како појдовна точка на Академијата за Човечки Ресурси. Дознај повеќе!



- Дознај што сѐ ќе направиш учејќи во Brainster
Го создадовме блог серијалот „Најпопуларните проекти на Brainster Академиите“ за да ви ги прикажеме реалните проекти на кои студентите постојано работат и го применуваат целото свое знаење во пракса.
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за графички дизајн;
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за UX/UI дизајн;
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за Data Science;
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање;
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за дигитален маркетинг;
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за Software Testing.





- Студентите зборуваат за искуството
Во новиот серијал „Моето Brainster искуство“, новите студенти кои се решија да го искористат продуктивно летото и да научат нови вештини, ни раскажаа за нивните желби и амбиции, како и за првите впечатоци на Brainster Академиите. Дознајте повеќе за искуствата на:
- Едиса Лековиќ од Академијата за Човечки Ресурси;
- Емилија Накова од Академијата за Човечки Ресурси;
- Антонијо Стојановски од Академијата за Човечки Ресурси;
- Тамара Блажевска од Академијата за Човечки Ресурси;
- Христина Василеска – Димчевска од Академијата за Project & Product менаџмент;
- Јулијана Смилеска од Академијата за Project & Product менаџмент.





- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Симона, Елена, Јован, Фјола, Антониа, Анастасија, Кристијан, Александар, Илинка, Дарко, Анита, Драган, Давид, Мишела, Борче, Марија, Ѓорѓе, Емилиа, Наташа и Данче, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️