Запознајте ја Антониа Панов – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг која постојано сака да учи нови работи.

По нејзиното комплетирање на програмата, таа започна на практикантска позиција како дигитален маркетер во компанијата Axeltra.

 

Си поразговаравме со Антониа за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил/а за останатите?

Здраво, јас сум Антониа – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг и имам 21 година. За себе можам да кажам дека сум амбициозна и креативна личност, која постојано сака да се надградува на професионален план. Слободното време го користам за читање добра книга и да патувам на нови места.

 

Омилен цитат: If you don’t try, you will never know.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг е професија која во последно време сѐ повеќе се развива. Тоа е професија која никогаш нема да стивне и го движи светот напред. Дигиталниот маркетинг ти овозможува постојано надградување во секојдневните промени и новите технологии.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за Дигитален Маркетинг беше посебно искуство за мене. Таму научив како да се пронаоѓам себеси и да уживам во својата работа. Видов дека никогаш не е доцна за промена и нови знаења. Исто така, инструкторите успешно го пренесоа своето знаење на нас студентите, и со нивна помош успеав да се запознаам со дигиталните термини и новите алатки.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Мислам дека најголем предизвик од сѐ беше одлуката да се запишам на оваа Академија, затоа што немав никакво претходно знаење во оваа област. Бев исплашена, се двоумев, но сега мислам дека е една од најдобрите одлуки што сум ги донела. Тимот на Brainster и професионалноста на инструкторите направи целото искуство да биде полесно, посфатливо и поинтересно. Како други поголеми предизвци, би ги издвоила реалните проекти, но и самиот завршен проект, за кој беше потребно секој поединечно да изработи целосна маркетинг стратегија за дадените клиенти. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули досега го привлекоа моето внимание, сите тие се дел од дигиталниот маркетинг, но ако треба да издвојам, тоа би биле: Lead genеration, Copywriting, SEO и Social Media Advertising. Ми се допаѓаат овие модули, можеби затоа што имавме повеќе практична работа со нив. Имавме проекти и домашни задачи, понекогаш бевме поделени во групи. Беше многу интересно, секој имаше различно размислување и различна идеја, па моравме да ја избереме вистинската. Моравме да соработуваме едни со други, и тоа беше многу возбудливо.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како практикант за дигитален маркетинг во компанијата Axeltra. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Огласот за практиканство го видов на нивниот профил на LinkedIn и веднаш аплицирав. Подоцна бев контактирана од нивна страна за интервју, на коешто поминав доста добро, а за тоа ми помогна тимот на Brainster, со подготовките кои се одржуваат на крајот на Академијата.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Очекувањата за еден млад дигитален маркетер се да биде: Team player, self-motivated, task oriented и strategic thinker. Најважно е да бидеш амбициозен, креативен, спремен за предизвици и секогаш да имаш желба за учење и надградување со нови знаења.

Во текот на мојата 3-месечна пракса моите работни обврски беа:

  • Performing market research activities;
  • Assisting in internet marketing activities;
  • Being part of creating email marketing campaigns;
  • Work in CRM system;
  • Create and manage online Lead Generating activities.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Би кажала дека никогаш не треба да се откажуваме од учењето, затоа што со тоа ништо не губиме, туку само се надградуваме. И дека не треба да се плашиме од промена затоа што понекогаш единствено само тоа ни е потребно.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!