Маркетингот е професија каде постојано се анализира и оптимизира

Запознајте го Кристијан Нафидов – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, а воедно и Dream Team студент кој покажа одлични перформанси за време на предавањата.

По завршувањето на Академијата, тој започна да работи како Digital Marketing Manager во компанијата Florida Smart Energy.

 

Си поразговаравме со Кристијан за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Отсекогаш сум бил во блиска врска со дигиталниот маркетинг при моето работење, но она што ме натера да се заљубам и да сакам да го продлабочам моето знаење на темата беше ситуацијата со короната и социјалното дистанцирање.

Преку ноќ, сите компании како и нивните потрошувачи го почуствуваа значењето на дигиталните технологии, а маркетингот беше тука да овозможи една олеснета транзиција во новиот свет во кој сите ние се најдовме. Академијата на Brainster беше очигледниот мој следен чекор преку кој ќе ги совладам новите предизвици.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Верувам во тоа дека, денес и да си Бил Гејтс, ако не знаеш да го донесеш производот до рацете на купувачите, ќе ти остане само како еден интересен проект во гаражата на твоите.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата ми даде една поразлична перспектива за секојдневниот свет. Предавањата и инструкторите го надополнија она кое веќе го имав започнато да го работам, истовремено отворајќи уште исто толку прашања колку што ми одговорија. Тоа дополнително ми ја „скокотна“ амбицијата да продолжам и понатаму да се усовршувам на ова поле.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Можеби најинтересниот, но и најпредизвикувачки момент од целата Академија беше соработката со останатите студенти. Видов многу различни пристапи и идеи, но кога беше момент за соработка беше вистински предизвик да се усогласиме на едно конечно решение кое беше комбинација од сите различни мислења и креативи.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Дефинитивно „Marketing Fundamentals“ ми беше најинтересниот модул од целата Академија. Многу често приметувам дека кога станува збор за маркетирање, многу компании и маркетери се премногу насочени кон користење некои нови напредни алатки или модерни пристапи, што е сосема во ред. Но, најчесто се заборава на фундаменталните елементи кои се носечкиот столб на една добра кампања, а без истите, сите тие напредни техники не можат да го постигнат ефектот кој би се постигнал доколку би биле изградени на една добра основа.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Digital Marketing Manager во компанијата Florida Smart Energy. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Процесот би го опишал како тренинг на еден боксер кој се спрема за борба во ринг. Да, тој вежба, удира во вреќа, скока на јаже итн. Но, ништо не може да го спреми за ударите кои го чекаат во моментот кога ќе стапне во рингот. Сакам да кажам дека, да, мене Академијата ми го покажа патот, но сепак на мене остана да се справувам со сите „удари” кои ме чекаа во вистинскиот свет.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Од дизајнирање на маркетинг стратегија, припрема на креативи, до оптимизација на веб страница, задачата на дигиталниот маркетер е една – зголемување на профитот на компанијата. Никој не го интересира дека си ја искористил плавата боја зошто асоцира со доверливост и смиреност, важно е дали на крајот на месецот профитот е зголемен во одност на претходниот.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Don’t . 😀  Шала на страна, би им препорачал да се информираат соодветно околу што сѐ претставува дигиталниот маркетинг пред да донесат било каква одлука. Маркетингот е многу повеќе од ставање stories на инстаграм и промоции со попусти. Има многу анализирање, многу навраќање и преправање на креативи, многу иновативност и многу – многу истражување.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

 

Trending Stories That Might Interest You