Запознајте ја Марија Донева – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг која се реши да направи кариерна трансформација во полето на дигиталниот маркетинг и покажа одлични перформанси за време на предавањата и работата на реалните проекти.

Таа е амбициозна личност која постојано сака да учи нови работи, а нејзината посветеност резултираше со ново работно место како Local SEO Specialist во американската компанија Emet Digital.

 

Си поразговаравме со Марија за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Марија! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво! Магистер по граѓанско право со неколку години работно искуство во струката, а од неодамна и дигитален маркетер кој штотуку започна да гради кариера во маркетинг сферата. Љубител на outdoor активности, истражувач на нови мали неискомерцијализирани локации за бегство од секојдневниот градски метеж.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Во време на дигитална експанзија, зарем има подобра одлука од тоа да вложиш дел од своето слободно време во изучување на една модерна и современа вештина?! Начин на кој би можел успешно да одговориш на предизвиците со кои се соочува ова иновативно дигитално општество.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата е одлично осмислена и сегментирана. Предвидени се различни модули, а преку самите предавања се навлегува во суштината на маркетингот, се добива поширока слика за конкретни области од истиот и истовремено се изучуваат корисни алатки кои го олеснуваат секојдневието на еден маркетер. Со оглед на тоа дека започнав без никакво предзнаење за маркетинг, можам да кажам дека преку самата Академијата добив солидна база/основа за понатамошно надградување.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Супер позитивно и забавно. Единствен предизвик – работата во тимови со различни поединци, умешноста да се створи пријатна работна атмосфера, добра конекција со сите студенти во формираниот тим, како би се креирал одличен финален проект.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Дефинитивно за времетраење на Академијата омилени модули ми беа Social Media Аdvertising и Google ADS, пред сѐ, заради практичните предавања проследени со многу интерактивни вежби во кои навистина уживавме. Морам да признаам дека на почетокот не толку омилен/интересен ми беше SEO модулот, но секако со текот на самите предавања ја сфатив важноста на истиот и се потрудив да навлезам во неговата суштина, што од денешен аспект се покажа како паметна одлука.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Local SEO Specialist во компанијата Emet Digital. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Никогаш не размислував дека ќе започнам да ја градам мојата маркетинг кариера во SEO сферата. Меѓутоа по препорака на Марко Ивановски (фантастичен ментор на модулот Social Media Advertasing), добив можност за конкурирам за позицијата Local SEO Specialist во американската маркетинг агенцијата Emet Digital со седиште во Лос Анџелес. По успешно сработениот влезен проект, имав интервју, на кое бев известена дека дека сум ја добила работата. Би сакала да му се заблагодарам на менторот Марко, што веруваше во мене и што препозна вредност во мојата работа. Истовремено, навистина сум благодарна за укажаната шанса да започнам кариера во компанија од светски ранг.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Со оглед дека Emet Digital немаат претставништво во Македонија, позицијата е целосно remote. Моите обврски опфаќаат оптимизација на Products и Services наменети за Google Bussiness профилите на клиентите за кои работиме, имплементација на Local SEO Tactics and Tools (Bright Local) во работата на клиентите, Yelp Advertising and Content Creation како и On-Page SEO (SEO Optimizer and Screaming Frog).

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Без разлика дали размислуваш за кариерна трансформација или едноставно сакаш да го надградиш своето знаење врз основа на што би напредувал во кариерата, Академијата ги има сите неопходни ресурси да ги задоволи потребите на секој поединец кој што е желен за напредок и тежнее кон тоа да излезе од својата комфорна зона. Една паметна одлука те дели од кариерата која што ја посакуваш.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Extended Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!