Запознајте го Александар Саров – алумни студент од Академијата за Front-End програмирање, а воедно и Dream Team студент кој покажа одлични перформанси за време на предавањата.
Веднаш по завршувањето на Академијата започна да ја гради својата кариера како Junior Software Developer во компанијата ASSECO.
Си поразговаравме со Александар за неговото кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво јас сум Александар. По природа сум дружељубив и комуникативен, секогаш барам забава во тоа што го правам во моментот. Сакам да изучувам нови работи и да се надградувам во она што го работам. Желбата да изучувам и да работам на технологии коишто постојано се унапредуваат ме доведе во ситуација да сфатам дека морам да ја променам кариерата и да се фокусирам на она што се работи и изучува во светот.
Зошто баш Front-End програмирање?
Заради можноста нечија идеја/креација изразена во вид на дизајн да биде преточена во функционална апликација којашто на корисникот му помага преку добро структуриран кориснички интерфејс да дојде до посакуваните информации. Тука би додал и поради можноста да го дополнам изгледот и функционирањето на визуелниот дел од апликацијата применувајќи ги добрите практики во креирање на корисничкото искуство.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата ги исполни сите мои очекувања. Добрата и динамична атмосфера за време на часовите, менторите коишто секогаш беа достапни за совети и тоа буквално сите ментори без исклучок, се чувствував охрабрен да прашам и да се информирам за било која идеја што ја имав, новите пријателства коишто беа одлична основа во тимската работа при изработка на проектите и хакатоните во коишто учествувавме.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Веројатно најголемиот предизвик се појави на самиот почеток на Академијата, а тоа беше да ја држам мотивацијата на високо ниво за да ја изучам областа којашто сакам да ја работам, а за која во тој период бев свесен дека многу малку знам. Мислам дека тој предизвик го надминав веднаш после првите неколку предавања, се уверив дека сум направил добар кариерен избор. Сето она што следеше потоа беше едноставниот дел: учење и активно следење на предавањата и работилниците, работа на менторските задачи и неделните предизвици, работа на индивидуални и тимски проекти, дополнување на новостекнатото знаење.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Сите модули, но ако баш морам некој модул да издвојам тоа би било JavaScript и React.JS. Сѐ уште сум вчудоневиден како неколку реда код го менуваат начинот на којшто изгледа и функционира веб-апликацијата и што сѐ може да му се понуди на крајниот корисник користејќи ги овие технологии.
Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Junior Software Developer во компанијата ASSECO. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
За време изработката на последните проекти при Академијата, почувствував дека имам солидна основа за работата што сакам да ја работам и дека е време да се обидам и да побарам работа или пракса во IT – индустријата. Директно се обратив до неколку компании. После разговорите кои што ги имав со АSSECO, започнав со пракса, којашто резултираше со ново работно искуство во мојата кариера.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Следење на воспоставените работни практики и работни процедури, редовни консултации со поискусните колеги и работните тимови воопшто, ревизија на кодот и корекција доколку е потребна, континуирано подобрување на моите вештини и знаења поврзани со React.JS.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?
Доколку при прелистување на интернет, сте наишле на страница за која сте забележале или помислиле дека креторите на таа страница можеле да подобро да ја изведат, но не знаете, а сакате да дознаете што сѐ треба да се направи за да ги изработите тие подобрувања, тогаш со сигурност вашето место е на Академијата за Front-end програмирање. Не чекајте и не двоумете се, програмата е така скроена да човек без никакво претходно искуство во програмирањето го добие знаењето и се стекне со првичното искуство за тоа што треба да го работи.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек!
Early Bird понудата на Академијата за Front-End програмирање важи за упис до 15 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!