Тимот на Co-innovation & Hiring верува во долгорочни и квалитетни партнерства кои се од взаемен бенефит како за студентите кои ја започнуваат својата нова кариера, така и за партнерите кои своите тимови ги збогатуваат со млади таленти. Токму поради ова сме секогаш возбудени кога ги претставуваме нашите нови партнери!
Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот партнер за ко-иновации на Академијата за Data Science – организацијата RYCO.
RYCO е независен функционален институционален механизам, основан од 6 учесници од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија, со цел да го промовира духот на помирување и соработка помеѓу младите во регионот преку програми за младинска размена.
Си поразговаравме со Матилда – претставник на RYCO за искуството и соработката со нашите студенти
Здраво Матилда, најпрво сакаме да ти се заблагодариме што одвои време за да присуствуваш на ова интервју. Кажи ни нешто за себе, твојата позадина и моменталната работна позиција?
Здраво, јас сум Матилда Карчанај. Повеќе од две ипол години ја извршувам функцијата координатор за мониторинг и евалуација во Regional Youth Cooperation Office. Имам диплома по политички науки на Универзитетот во Тирана и сум магистер на заедничката Интердисциплинарна мастер програма за Southeastern European Studies на Универзитетот во Белград и Универзитетот во Грац. Моите области на интерес варираат од младинска соработка во Западен Балкан, до процесот на интеграција во ЕУ на Западен Балкан и промоција на човековите права.
RYCO (Regional Youth Cooperation Office) е институција основана од 6 земји од Западен Балкан кои работат на теми поврзани со младите. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за RYCO, проектите на кои работите во моментот и кои се вашите цели за иднина?
RYCO како независно регионален инситуционален механизам беше воспоставен преку Берлинскиот процес од страна на владите на WB6 во 2016 година со мисија да ги промовира духот на помирувањето и соработката меѓу младите во WB, преку регионални младински размени како основа за идна соработка, која е заснована на вредноси на соживот, толеранција и почитување на човековите права и различности, како и посветеноста на инклузијата и безбедноста.
Некои од резултатите од регионалните програми за мобилност на RYCO се следниве:
- Имплементација на 4 отворени повици за регионални предлози за проекти за училишта и граѓански организации. Во моментов го дизајнираме 5-от.
- Една нова регионална програма за размена на училишта започната минатата година (дел од проект од 5,5 милиони евра во партнерство со GIZ). Првиот циклус го реализиравме од февруари до јуни 2022 година, со вклученост на повеќе од 100 инспиративни наставници и околу 800 мотивирани млади луѓе на возраст од 15 до 17 години. Се очекува да се спроведат уште 2 циклуса.
- Една регионална програма за волонтерство спроведена минатата година. Повеќе од 200 волонтери од целиот регион имаа придобивки од оваа програма.
- Два циклуси на RISE отворени повици (2020-2021). Секој циклус поддржува 12 социјални бизнис проекти со 2,500 евра за секој проект. Интеграција на студенти EU-WB која ќе поддржи 6 регионално студентски мрежи.
Во меѓувреме, првиот столб на нашата работа за новиот стратешки период од 2022 до 2024 година продолжува да биде обезбедување на меѓукултурно учење и дијалог, како и можност за градење на мир помеѓу младите луѓе. Второ, поддршка на мултипликаторите во WB6 преку зајакнување на нивните капацитети, ресурси и вмрежување кои придонесуваат и се вклучени во интеркултурно учење, градење мир и други тематски области на RYCO. И трето, да се залага за развој на овозможувачка средина во земјите на Западен Балкан за градење на мир, регионална младинска соработка и подобрување на положбата на младите.
Драго ни е што имавме шанса да соработуваме со вас и да ја запознаеме малку подобро вашата организација. Како се одлучивте да започнете соработка со нашата Академија за Data Science? И дали може да ни споделите малку повеќе за проектот на којшто се работеше?
Академијата за Data Science имаже можност да ја презентира својата работа на генералниот секретар на RYCO, кој ме предложи мене како колега одговорен за собирање и анализа на податоци во RYCO, како и да истражам дали би можеле да имаме било каква можност за соработка. Откако се сретнав со тимот и ги разгледавме претходните изработени задачи од страна на Академијата за Data Science, бевме убедени дека можеме добро да соработуваме заедно и да ги искористиме податоците што ги собравме од нашите прашалници за млади луѓе.
Раскажи ни за вашето целосно искуство за соработката на овој проект. Колку бевте задоволни од процесот и финалните решенија? Дали студентите ги исполнија вашите очекувања и потреби?
Презадоволни сме од целото искуство и од соработката со Brainster и Академијата за Data Science. Моите оечкувања беа надминати. Многу ми е драго што работев со ваков професионален тим и одлична група студенти. Сите решенија беа многу добри и беше тешко да се избере. Затоа, ги поканив моите колеги за оваа задача, за да можеме да избереме заедно.
Дали би го препорачале овој процес и можност за партнерство на вашите партнерски компании и/или други компании?
Многу ја препорачувам можноста за партнерство на сите што сакаат подобро да ги соопштат своите резултати преку визуелизација на податоци и за соработка со професионален тим. Тимот работеше многу добро заедно, студентите беа проактивни и супер реагираа на фидбекот.
За крај, ви благодариме што одвоивте време и одговоривте на овие прашања. Што би им препорачале на нашите студенти?
Би сакале да им се заблагодариме на студентите за целата нивна работа и посветеност за време на соработката. Исто така, би сакале да им кажеме да продолжат со нивната многу добра работа и да ги охрабриме никогаш да не се откажуваат, и покрај предизвиците со коишто може да се соочат. Им посакувам многу среќа во професионалната кариера. Јас, самата, научив многу од искуството од оваа заедничка соработка. RYCO ќе може дополнително да ги соопштува своите резултати на јавноста, преку контролна табла со резултати, изработена од студентите.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа