За успешно совладување на предизвиците потребна е максимална посветеност

Запознајте го Дарко Илиев – алумни студент од Академијата за Software Testing кој реши да излезе од својата комфорна зона и да направи кариерна трансформација.

Неговата максимална посветеност резултираше со влез во светот на софтверското тестирање како софтвер тестинг практикант во компанијата Adbarcadero.

 

Прочитајте повеќе што ни раскажа Дарко за неговото искуство

 

Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво! Јас сум Дарко Илиев од Скопје. Мојата приказна со себе носи големи искуства за кои сум неизмерно благодарен. Сакам предизвици, сакам да се натпреварувам во работи во кои сметам дека сум достигнал некое ниво и сум креативец по природа. Сакам видео игрици, па амбицијата да работам во некоја гејминг компанија како QA сама по себе си тлеела низ времето (тоа е неостварениот сон). Идејата за запишување на оваа Академија дојде во период во кој светот беше во хаос и следствено на тоа бараш начин како да продолжиш понатаму, а со самото тоа и излезот од комфорната зона беше неизбежен.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ви благодарам за честитките. На почетокот ми беше како едно големо влегување во морето со шанси, и за релативно кратко време успеав да апсорбирам информации што подоцна ќе ми бидат од големо значење за кариерата. Интересно за оваа Академија е што буквално може со 0 знаење да почнеш, доволно е само да сакаш да го работиш ова и шансата за успех е на дофат. Академијата исполни голем процент од моите очекувања, сега останува само тоа знаење постојано да се надградува.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Баш тоа е зборот – ПОСВЕТЕНОСТ! Си бара системско учење, обавезно повторување на материјалот за викенд, решавање редовно задачи, консултација со колеги, ментор, предавачи. Буквално цел круг мора да биде опфатен ако се сака резултат. 

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Adbarcadero. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Релативно понова компанија во IT секторот. Компанија која ми даде можност конечно во практичен дел да видам што значи работа во реален свет.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна позиција е практикант. Еден работен ден е исполнет со многу работа која бара максимална фокусираност, посветеност и прецизност.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Сите оние кои размислуваат да запишат QA прво добро нека се информираат за тоа „што“ и „како“ се учи и доколку одлучат да го направат чекорот, ги охрабрувам без задршка тоа да го направат. И пред сѐ да бидат спремни за константно многу учење. Би им посакал успех на сите мои идни колеги и секогаш нека биде State of mind – Focus!!!

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! 

Early Bird понудата на Академијата за Software Testing важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Trending Stories That Might Interest You