Запознајте ја Наташа Лазовска – алумни студент на Академијата за Software Testing, а од неодамна и дел од инструкторскиот тим на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

Нешто што најмногу ја прави среќна се студенти кои постојано учат и со нетрпение го очекуваат секое наредно предавање за да го прошират своето знаење.

 

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Наташа за нејзиното искуство

 

Здраво Наташа, за почеток, неколку зборови за тебе – Која е Наташа?

Здраво, јас сум Наташа Лазовска од Скопје, дипломиран семеен едукатор и софтверски тестер. Од неодамна и дел од тимот на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

 

Зошто баш Software Testing? Што беше пресудно за твојата одлука да се запишеш на оваа Академија?

Имаше доста размислување околу оваа одлука. На крајот, сепак дојдов до заклучок дека и како семеен едукатор, но и како софтверски тестер, мојата работа е да ги пронаоѓам проблемите, да помагам во нивното решавање и подобрување на начинот на секојдневното функционирање. Оттука, одлуката си дојде сама по себе.

 

Какво е чувството да бидеш дел од инструкторскиот тим на Brainster и постојано да работиш на пренесување на знаењето со цел да се подобри искуството на студентите?

Навистина е интересно да имаш можност да ги искусиш двете страни од Академијата (како студент, но и потоа како дел од тимот). Пред да започнам како студент на Академијата, online учењето го сметав за доста предизвикувачко, но ми се докажа токму спротивното. Сега, трудот, стекнатото знаење и мотивацијата секојдневно ги споделувам со студентите кои од ден за ден ги гледам како стануваат сѐ подобри во тоа што го учат. Нема нешто што ме прави посреќна од студенти кои постојано учат и со нетрпение го очекуваат секое наредно предавање за да го прошират своето знаење.

 

Како изгледа еден твој работен ден во Brainster? Кои се твоите задачи и одговорности ?

Најпрво кафе! Потоа следи подготовка за работниот ден и предавањата, состанок со менторот за дневната агенда, креирање и прегледување на домашните задачи, вежбите и квизовите, и секако постојана комуникација со студентите кои имаат некое прашање или проблем за да го решиме. Потоа, доаѓа времето за предавањата, и како за крај мојот работен ден завршува со прикачување на материјалите, видеата и бодовите на Brainster платформата.

 

Во кои моменти најмногу уживаш, а исто така, како се справуваш со предизвиците кои произлегуваат од твојата работа?

Атмосферата во тимот е буквално идеална. Смеа, дружење, споделување интересни информации. Секако тоа е проследено со материјалот којшто е планиран за тој ден. Предизвици секако дека има, но благодарение на помошта и разбирањето на колегите и студентите, тие се лесно минливи.

 

Најважната лекција што ја научи на Академијата?

Не се плаши да грешиш, да прашуваш и секојдневно да учиш нови работи. Критичкото размислување, логиката за тестирање и успехот ќе доаѓаат полека од ден за ден заедно со твоето искуство.

 

За крај – твој совет до сите оние кои размислуваат да направат кариерна промена и насочување во сферата на software testing?

Излезете надвор од комфорната зона. Успехот е загарантиран онаму каде што има желба, дисциплина и посветеност. Тоа го правите за себе.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! 

Продолжената Early Bird понуда на Академијата за Software Testing важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!