Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за дигитален маркетинг, студентите имаа задача да ги креираат своите завршни проекти.

Под менторство на Ива Дујак, Златко Матески и Марко Ивановски, студентите ги креираа своите дигитални маркетинг стратегии за клиентот Common. 

Common.mk e платформа која ќе ви овозможи онлајн резервации, попусти и промоции на вашите омилени секојдневни услуги, информации повразни со ентитетите и нивните услуги и уште многу други поволности кои ќе бидат предмет на интерес за вас, клиентите.

Во оваа блог објава, ќе го запознаете Петар Прнарков – студент на Академијата за дигитален маркетинг чија маркетинг стратегија го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.

 

Си поразговаравме со Петар за неговото искуство на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Здраво Петар, ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил со останатите? Кој е Петар?

Eдна доста љубопитна, амбициозна личност, којaшто е заљубена во човековата автентичност. Обожава да истражува нови дестинации, да учи постојано нови работи и да шири позитива и познанства.

 

Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и изработи многу интересни и креативни проекти. Најпрво, како си помина на Академијата?

Академијата поседува мајстори за „отварање школки“. Самиот факт, колку менторите се посветени, пред сѐ на нашето сопствено отварање, прифаќање и изучување е нешто што би го издовил како круцијална работа. Brainster е дефинитивно најзабавниот roller coaster. 

 

Со цел да ја комплетираш Академијата, имаше задача да изработиш завршен проект – маркетинг стратегија за Common. Раскажи ни повеќе за овој проект!

Самиот факт дека клиентот движеше по патот носен од ентузијазмот и желбата за нешто ново, беше супер предизвикувачки за мене. Common имаше побарувачка за темелна маркетинг стратегија со една цел – иновативноста никогаш не запира. Целта на овој проект беше: да се зголеми brand awareness, да се укаже на еднаквост и најважното, да се подигне свеста за online booking.

 

Која беше идејата зад проектот и што требаше да се постигне?

Во поглед на маркетингот, поентата беше да се створи мрежа на клиенти кои ќе ја посетуваат платформата поради функционланоста и информациите кои ги нуди со една цел како најлесно луѓето и бизнисите да дознаат за сите погодности и вредности што ја нуди платформата. Платформата стартува со салони за убавини и се  стреми да биде од помош за сите бизниси. Common e дефинитивно новата ѕверка на пазаров!

 

Како изгледаше целиот процес и кои беа твоите задачи?

Како маркетер задачата беше јасна, да се потрудам да ја разберем филозофијата на фирмата и како таа работи. На самиот почеток, сѐ се сведуваше на длабоко „копање“ и истражување, запознавање на публиката и проблемот. Common е дефинитивно платформа којашто нуди иновативност и самиот тој факт ми помагаше во решавање на проблемот. Целосната маркетинг стратегија беше објаснета во еден документ којшто беше  доставен до самиот клиент, а сето тоа беше објаснето и обработено во една презентација, со примери како тоа би го извел.

 

Што би ни раскажал за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект? Како течеше соработката со клиентот?

Да се биде дел од нешто што е толку иновативно и квалитетно е буквално – исполнување. Клиентот беше концизен и точно знаеше што сака. Јас имав потполна слобода да искочам надвор од секојдневието со што резултираше мојата победа. Едно огромно благодарам до нив!

 

И за крај, колку си задоволен од целиот овој процес на работа и работата на ваков вид на проекти, со кои оставаш импакт на целото општество?

Самата помисла дека можам да оставам индиректен импакт на целото општество благодарение на дигиталниот маркетинг ме прави повеќе од среќен.

 

 

Си поразговаравме со тимот на Common.mk за задоволството од соработката:

 

Раскажете ни нешто повеќе за организацијата!

Common.mk е македонска стартап компанија која има за крајна цел дигитализација на малите бизниси во Македонија, почнувајќи од Салоните за убавина и студиа за масажи како почетна бранша на патот кон истото.  Дигитализацијата е насочена кон решавање на проблемите и задоволување на потребите на бизнисите, а воедно и клиентите преку воведување на различни сотфверски решенија, нови канали на комуникација, подобар мониторинг и контрола на бизнисот и сл. Поради самата природа на бизнисот и маркетингот е дел од Common како составен дел од целокупната приказна која се трудиме да ја донесеме во Македонија.

 

Како дојдовте до идејата за организирање на една ваква соработка со нашите студенти и како си поминавте?

Како стартап компанија која веќе е година и 9 месеци на пазарот, низ целиот процес растете и сѐ повеќе осознавате на каков начин можете да подобрите одредени сегменти од својот бизнис. Низ неколку разговори со релевантни личности, дознавме за можноста која ја нуди Brainster и од тука почна понатамошната соработка, конкретно со Академијата за дигитален маркетинг. Можеме да споделиме дека работевме во многу пријатна атмсофера, во одлчна комуникација и најважно од сѐ, добивме одлични идеи за одредени маркетинг активности.

 

Што би ни споделиле за соработката и задоволството од истата?

Како тим во нашата организација секогаш сакаме да соработуваме со лица коишто имаат ентузијазам, желба за напредок и големи амбиции. Сметаме дека Петар како профил на човек, заедно со неговото победничко решение и предложената маркетинг стратегија (нормално со одредени модификации) ќе успееме Common успешно да го претставиме на пазарот, а понатаму и да се етаблираме како бренд кој нуди вистинска вредност и корист на бизнисите и клиентите.

Би додале само дека концептот кој го користи Brainster, од една страна да помага на бизнисите, а од друга страна на студентите преку работа на реални проекти докажува само за визијата и квалитетите со кои располага оваа Академија, а воедно и за нејзината општествена одговорност. 

 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!