Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

 

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец јули:

 

1. Лидија Темелковска – Dream Team студент на Академијата за Data Science

 

 

2. Александра Саздова – Dream Team студент на Академијата за Software Testing

 

 

3. Сандра Ѓоргиевска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

 

 

4. Андријан Тасевски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање

 

 

5. Ане Китаноска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management

 

 

6. Мартин Деспотоски – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

 

 

7. Невенка Димовска – Dream Team студент на Академијата за Човечки Ресурси

 

 

8. Атанасија Ѓоргиевски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање

 

 

9. Бојана Савеска – Левеска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање. 

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.