Запознајте го Давид Ристов – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг кој ја започна својата кариера во светот на маркетингот на практикантска позиција како Account Assistant во Brand Union.
Си поразговаравме со Давид за неговото кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Давид Ристов – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг. Се одлучив за оваа област бидејќи сметав дека најмногу ќе се пронајдам. А исто така, светот на дигиталниот маркетинг е место каде можам најмногу да ги применам моите вештини.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата за дигитален маркетинг ги исполни сите мои очекувања. Запознав многу нови луѓе кои имале претходно искуство во ова поле, а воедно и научив нови алатки кои се користат, а помагаат многу при промовирање на некој нов продукт или услуга на пазарот.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Искуството беше доста интересно. Секојдневно имавме нови предизвици и учевме многу нови работи. Најголемиот предизвик беше начинот на кој SEO работи, но благодарение на добриот професор, многу брзо ми се разјасни сѐ.
Кој модул ти беше најинтересен?
Најинтересен модул ми беше Facebook Ads.
Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Account Assistant во компанијата Brand Union. Раскажи ни повеќе.
Мојата кариера во светот на дигиталниот маркетинг ја започнав на практикантска позиција како Account Assistant во маркетинг агенцијата Brand Union. Од мене, како млад дигитален маркетер, се очекува навремено да ги завршам зададените таскови и обврски поврзани со copywriting.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?
Дефинитивно да го испробaат и истражат ова поле бидејќи со себе носи многу можности.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
Extended Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 31 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!