Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Ема Кастратовиќ – Marketing Coordinator на Brainster Next College и Senior Product Marketer во маркетинг тимот на Brainster.
Како личност која верува дека за да ја работиш добро својата работа треба навистина да ја сакаш и да те исполнува, смета дека не може да се напредува во кариерата ако не си постојано посветен на учење и надградување на знаењата. Кога навистина го сакаш она што го работиш, станува дел од твоето секојдневие и секогаш трагаш по нешто ново, корисно и интересно што можеш да го примениш во работата. А најдобро се учи од луѓето со кои работиш, особено кога станува збор за тим од вистински експерти и професионалци.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира.
Здраво Ема, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Наједноставно кажано, работата на продукт маркетерите се наоѓа на крстопатот помеѓу развојот на продуктот, маркетингот и крајниот корисник на продуктот. Во самиот центар на оваа крстосница се наоѓа продукт маркетерот чијашто главна функција е развој на целосна маркетинг стратегија за продуктот со цел истиот да го најде својот пат до крајниот корисник и да ги задоволи неговите потреби (или да ги реши неговите проблеми).
Оваа функција вклучува голема меѓутимска комуникација, истражување, анализа, развој и спроведување на маркетинг стратегии, што ја прави самата работна позиција многу одговорна, но и многу забавна. Ја согледуваш пошироката слика, но и навлегуваш во деталите – секојдневно комуницирам со маркетинг тимот од којшто сум дел за сите поединости и детали, додека пак со останатите тимови сме во координација околу сите аспекти на еден продукт.
Конкретно, јас сум посветена на продукт маркетингот за Brainster Next College, првиот применет ИТ колеџ во нашата држава кој нуди акредитирани 3 годишни додипломски студии по Софтверстко инженерство и иновации.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Senior Product Marketer?
Она што е гориво за автомобилите, тоа е за мене кафето. Не можам да замислам денот да ми започне без една, а понекогаш и две шолји добро кафе додека ги планирам работните задачи за текот на неделата и во текот на самиот ден. Потоа, секако оставам малку време за кратка прошетка со Уна (мојот четвороножен бушав асистент) за да си ги разбистриме мислите и да се „фатиме за работа“.
Ова е мојот утрински ритуал којшто скоро никогаш не го пропуштам. Она што е типично за мојот работен ден е договорените тимски состаноци кои се распоредени на редовен интервал и кои помагаат да се направи структура на целиот работен ден и работната недела. Но, всушност типичен ден во животот на маркетерите не постои. Самата професија е таква, а посебно за личности како мене, кои не сакаат монотонија и премногу голема рутина. Дефинитивно, вистинскиот избор на кариера.
Секако, бидејќи станува збор за динамична професија и работа која има многу движечки делови, со добрата организација на времето и активностите, како и координацијата со колегите, работните денови добиваат структура и агилно може да се пристапи кон работните обврски.
Кој е твојот извор на инспирација, со оглед на твоето искуство во маркетинг индустријата цели 10 години?
Инспирацијата ја наоѓам во многу нешта – тоа можеби е и професионалната деформација на маркетерите – успеваме да се инспирираме од секојдневните ситници, од разговор со најблиските до запознавањето со нови луѓе, од читање на статии и занимливости од секојдневието до стручни текстови од областа, од бреинсторминг сесии со колегите до играње со домашниот миленик, од седење во канцеларија до патувања на нови дестинации.
Инспирацијата е секогаш тука. Но, морам да признаам дека откога се придружив на тимот на Brainster, сѐ повеќе наоѓам инспирација на работното место – едноставно ме инспирираат моите колеги. Прекрасно е да си опкружен со луѓе кои те инспирираат, посебно кога меѓу нив се вбројуваат и оние кои се на раководни и одговорни функции. Сметам дека ова е навистина голема реткост кај другите компании во нашата држава.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Маркетерите честопати патат од „прегорување“, односно не можат да постигнат со работните обврски кои полека навлегуваат дури и во нивниот приватен живот, и тој станува практично непостоечки. Ова многу влијае потоа на нивната работа, односно на падот на ефикасноста и продуктивноста на работното место, а воедно и на губењето на мотивацијата за работа.
Флексибилноста која ја нуди Brainster, како и разбирањето кое го има за потребите на своите вработени го прави ефектот на „прегорување“ невозможен.
Можноста да се работи во било кое време, од било кое место, ми ја дава слободата да го организирам мојот ден како што ми одговара. Да оставам доволно простор за завршување на приватните обврски, како и време за моите најблиски без притоа да „пати“ мојата работа.
А бидејќи воедно сум и голем љубител на патувањето, одличен е фактот дека мојата „канцеларија“ често знае да биде во друг град, на планина или на плажа.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Brainster e непресушен извор на нови знаења и колеги кои сакаат да ги споделат истите.
Како личност која секогаш сака да научи нешто ново и има голема љубопитност за различни области, најважно ми е дека работам со колеги кои се вистински експерти во тоа што го работат и се секогаш достапни да го споделат своето искуство и знаење.
Во Brainster не постои класичната зацртана хиерархија каде што имаш контакт само со одредени лица и надреден кому треба да репортираш. Секој е секому и ученик и ментор. А и можеш навистина да се потпреш на своите колеги кога ќе загусти, или пак на тим лидерот којшто секогаш пристапува како пријател и тренер.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.