Запознајте ја Емилиа Костовски – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг која се реши да направи кариерна трансформација. Веднаш по завршувањето на Академијата, таа се вработи како маркетинг агент во компанијата Bintern.

 

Си поразговаравме со Емилиа за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Емилиа! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Ви благодарам за честитките. Со другите би го споделила моето Brainster искуство, комуникацијата и дружбата со колегите, како и со професорите кои секогаш беа достапни за нас да ни одговорат на нашите прашања. Супер тим, позитива, професионалност и многу учење.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Отсекогаш сум била креативна личност. Како што се развива технологијата, сѐ повеќе ме привлекува, бидејќи постојат работни места за повеќе позиции. Со дигиталниот маркетинг најдов „златна средина“ каде што можам да бидам и креативна и да работам во оваа индустрија.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Пред да се запишам на Академијата немав идеја што е тоа дигитален маркетинг и од каде да почнам да учам. Академијата ми беше одличен вовед во ова поле, научив многу и се пронајдов во гранката којашто најмногу ми одговараше. Преку реалните проекти на коишто групно работевме научивме и многу за тимската работа. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголем предизвик ми беше креирањето на landing страна, но и најмногу уживав во текот на тој процес. Со труд, како и со помош од професорот кој несебично и трпеливо ни објаснуваше, успешно ја креирав landing страната.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Најинтересен модул ми беше Social Media Marketing. Во овој модул научивме за платениот маркетинг преку реклами на Facebook и Instagram. Интересен ми беше начинот на кој ги креиравме тие реклами и како стигнуваа до тагретираната публика која кликаше и купуваше од производите кои ги рекламиравме. И креирањето на постови беше многу интересно и креативно.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како маркетинг агент во компанијата Bintern. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Во моментот работам како Маркетинг Агент во Bintern и сум многу задоволна од својата позиција. За да стигнам до тука, многу важна беше упорноста, константното аплицирање на огласи, барање пракса, како и консултација со менторите за тоа како да најдам работа или клиенти.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

На моето работно место од мене се очекува да ги водам и организирам профилите на социјалните мрежи, да ја зголемам нашата публика и следеност, да контактирам со клиенти, да носам leads на нашата платформа и сл. 

 

И за крај, што би им препорачал/а на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Во дигиталниот маркетинг за секој има место, потребна е упорност и постојано унапредување на вашите вештини.



Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Extended Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!