Запознајте го Драган Петровски – алумни студент на Академијата за Software Testing кој започна да ја гради својата кариера во ИТ светот како QA Software Tester Intern во компанијата IT Labs.
Си поразговаравме со Драган за неговото искуство на Академијата за Software Testing и новото работно место
Здраво Драган, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво! Јас сум Драган Петровски, алумни студент на Академијата за Software Testing. Во неколку реченици, себеси можам да се опишам како мошне смела личност која секогаш квалитетот го става пред квантитетот на секое поле. Сакам да сум опкружен со личности на кои им верувам и кои ми веруваат. Мошне креативен, енергичен, лојален и посветен во исполнување на поставените цели и задачи.
Ме инспирираат нови работи и затоа секогаш сум подготвен да учам и да ги развијам своите способности, знаења и вештини во областа на ИТ индустријата како област во која новините се со најбрз интензитет.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Ја избрав Академијата за Software Testing бидејќи тука најбрзо и ефикасно се навлегува во областа на софтверското тестирање, што претставува и моја преквалификација која во исто време има корелација со моето претходно образование. Воедно себеси се пронаоѓам во оваа професија, која доживува голема експанзија во глобални рамки.
Академијата за Software Testing е токму она што ќе ми овозможи таков подем на личен план и надминување на почетната несигурност како профил кој доаѓа од друга бранша. Ги исполни сите мои очекувања, почнувајќи од организационата поставеност, модуларниот начин на работа, пристапот на менторите при реализација на секој модул и можноста за лесна адаптација во градењето на нова кариера.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Работата на реални проекти е мојот мотив и предизвик, бидејќи преку нив можам да ги покажам и секако да ги развијам своите знаења, вештини и компетенции. Токму посветеноста во работата и упорноста во совладување на потешкотиите за мене се гаранција за успех при трансформација на мојата понатамошна кариерна патека. Посветеноста при работата со реални проекти дава можност за мерење на личниот прогрес.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанија IT Labs. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
IT Labs е основана 2005 година во Лос Анџелес, Калифорнија со цел да се создаваат process-driven тимови за развој на софтвер со највисоки перформанси. Основните вредности на компанијата се интегритет, извонредност, проактивност, иновативност и грижа за вработените.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Моментално сум Software QA практикант и работам на проект кој заедно со целиот практикантски тим го развиваме од почеток, односно од прибирање на барања од клиентот до испорака на истиот.
Денот го започнуваме со daily scrum meeting, на кој целиот тим заедно со менторите ги синхронизираме активностите и плановите на работниот ден. Моментално работам на креирање тест сценарија и тест случаи кои подоцна ќе ги користиме за верифицирање на функционалностите и карактеристиките на апликацијата.
Покрај основните задолженија, неизбежно е и секојдневното учење со кои ги развиваме постоечките, но и создаваме нови вештини. Во тој контекст имам пофални зборови и голема благодарност до мојот ментор кој поаѓајќи од општите цели ме насочува и ми овозможи осамостојување во целиот процес. Со нејзините интеракциско-комуникациски особини, трпение, заедничко решавање на тековните проблеми, а притоа препознавајќи ги предностите, слабостите и можностите на поединецот секогаш излегува во пресрет и сака да помогне.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Како Software QA моите задолженија и одговорности подразбираат планирање на целиот процес на тестирање и креирање план за тестирање, дефинирање на User Stories кои подоцна се префрлаат во Azure DevOps каде што ги креираме и мануелните тест случаи како и податоците за тестирање. Секако одговорен сум и за извршувањето на тестовите, нивната анализа, пријавувањето на дефектите и подобрувањата, како и ретестирање на поправените дефекти.
За најголема одговорност ја подразбирам раното тестирање со што се избегнува погрешното имплементирање и раното пронаоѓање на грешки. Веќе напоменав дека како главна платформа ја користиме Azure DevOps. Останати алатки кои ги користиме во процесот на тестирање се Chrome Developer Tools и Postman. Листата на алатки и техники не застанува тука бидејќи со помош на нашите ментори секој ден истражуваме и учиме нови.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Една од најбрзорастечките гранки во ИТ индустријата и еден од најважните процеси во создавањето на софтверскиот производ е софтверското тестирање. Затоа, сите кои решиле да учат софтверско тестирање треба да знаат дека тоа се само првите чекори на патот до успешна кариера во ИТ индустријата. Учењето е процес кој бара максимално внимание и пожртвуваност. Обидете се да дадете сѐ од себе и ќе успеете да навлезете во тајните на софтверското тестирање.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!